20:53 - 8 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Зима среде пролет! Не пакувајте ја уште топлата облека!

– Под влијание на влажен и ПОСТУДЕН воздушен бран од север, денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе започне да дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, со што температурите ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат, и тоа за 8 до 9 степени во споредба од оние кои ги имавме вчера и максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени. На планините и на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од СНЕГ, со што ќе дојде до формирање на НОВА СНЕЖНА ПОКРИВКА, а снежната граница понекаде има услови да се спушти и до околу 1000 м.н.в и тоа особено во западните и во северните предели – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Според Попоски, за време на овој влажен бран локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог, и тоа особено во западните и северозападните предели. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО за разлика од вчера со повремени врнежи од дожд. Ќе запоне да дува и засилен ветер од северен и од северозападен правец, а ќе има услови и за ретка појава на нестабилност проследена со појава на грмежи. На околните планини ќе има услови за слаби врнежи од снег, додека максималната температура денес во Скопје ќе се искачи до околу 11 степени. Потоа од утре следува период на стабилно, суво и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСОНЧЕВО време. Наутро ќе биде ДОСТА СТУДЕНО со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, со што на повеќе места ќе има појава на МРАЗ, па така на земјоделците ги советуваме навремено да ги заштитат своите земјоделски култури, бидејќи постои ОПАСНОСТ од ПРЕМРЗНУВАЊЕ на истите.

Максималните дневни температури пак во почетокот од новата седмица ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени, а потоа ќе бележат тенденција на ПОРАСТ.

Слични објави

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот пентхаус на Саша Ковачевиќ од половина милион евра: Има кралска бања, Ѓоковиќ му е сосед

Еспресо

Луна Ѓогани откри зошто не ги поканила Весна и Ѓоле на роденден: „Ова е вистинската причина“

Еспресо

Синот на Халид Бешлиќ по повод шест месеци од неговата смрт: „Секој ден очекувам да ми се јавиш“

Еспресо

Вистинскиот пар чевли прави разлика: Дојдете во Chantel, затоа што секој чекор заслужува да биде забележан

Еспресо

Нина Ѓогани за ужасното насилство што го доживеала: „Ме тепаа и ме навредуваа“

Еспресо
Се вчитува....