6.8 C
Скопје
09:05 - 1 април, 2026

Синот на Ивица Дачиќ брзо ја преболел пејачката, веќе има нова девојка: Откриени детали, еве каде се видени

Лука Дачиќ, синот на Ивица Дачиќ, очигледно брзо ја преболел фолк пејачката Милица Јокиќ со која беше во врска три години.

Наследникот на министерот за внатрешни работи, како што дознава српски „Курир“, наводно веќе има нова девојка.

Лука Дачиќ и новата девојка биле видени заедно во рестораните во Белград кон крајот на минатата година, а за ова сведочи и извор кој бил на местото на настанот:

– Кога влегов во ресторанот, го забележав Лука, кој седеше со девојка непозната за јавноста. Тие ручаа. Очигледно беше дека многу добро се познаваат и дека се заедно. Во прв момент помислив дека е пријателка на неговата девојка, пејачката Милица, но како што одминуваше времето, стана јасно дека тие двајца се всушност во врска. Со нив беше и момчето кое се грижи за безбедноста на Лука. Во ресторанот поминаа околу два ипол часа, а потоа излегоа заедно. Неколку дена подоцна ги сретнав сосема случајно на уште една локација во градот. Тогаш ги потврдив своите сомнежи дека тие не се само другари и пријатели – рекол изворот.

По раскинувањето, Јокиќ и Дачиќ одлучиле да останат во пријателски односи. Љубовта помеѓу нив завршила, па решиле да останат добри пријатели. Редовно се слушаат на телефон и се поддржуваат еден со друг и по раскинувањето.

Инаку, вчера во медиумите одекна веста дека пејачката Милица Јокиќ и синот на Ивица Дачиќ, Лука Дачиќ, раскинале по три години врска.

 

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....