05:52 - 12 април, 2026

Синиша Михајловиќ и борбата со леукемија: Jа напушти болницата – „Напред, Мистер!“; се огласи и жена му „Твоите очи зборуваат!“

Откако беше хоспитализиран на 29 март по објавувањето на неговото привремено повлекување, тренерот на Болоња конечно може да се врати кај своето семејство, а наскоро и во неговиот тим.

По повеќе од еден месец хоспитализација, Синиша Михајловиќ, тренерот на Болоња, беше отпуштен од болницата Сант Орсола каде што престојуваше за да продолжи со лекувањето од леукемија. Тренерот најверојатно за неколку дена ќе се врати на клупата на својот тим.

Веста за неговото привремено повлекување пристигна на 26 март, дадена од самиот Михајловиќ за време на ненадејна прес конференција. Синиша најави дека мора повторно да се бори против алармите кои навестуваа враќање на леукемијата, и покрај трансплантацијата што ја имаше во 2019 година. Веќе на 29 март српскиот тренер беше примен во болницата Сант Орсола во Болоња за да се преземат терапевтски мерки, а терапијата очекувано траеше неколку недели.

Така, попладнето денес, на 2 мај, по 34 дена поминати во клиниката, Синиша Михајловиќ се врати да го прегрне своето семејство, а набргу и неговиот тим, кој во меѓувреме го следеше на далечина благодарение на апаратите поставени во неговата болничка соба.

Соопштението го објави официјалниот профил на Болоња, кој на Инстаграм објави фотографија од нивниот насмеан тренер со белешка придружена со срциња во бојата на дресот:

„Денеска Синиша Михајловиќ е отпуштен од болницата „Санта Орсола“ во добра општа состојба. Напред Мистер, ние сме со тебе“.

Само неколку дена претходно, целата екипа на Болоња организираше изненадување за тренерот, кога дојдоа под неговиот прозорец на „Сант Орсола“ испраќајќи му аплаузи и скандирања за да го поддржат. А Михајловиќ, трогнат, сепак се пошегува со својот тим:

„Овде не ме пуштаат да излезам бидејќи велат дека без мене никогаш не губите“…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bologna Fc 1909 (@officialbolognafc)

Аријана, сопругата на Синиша Михајловиќ, преку Инстаграм му ја посвети следнава мисла на својот сопруг:

„Што е со твојата насмевка… А со твоите очи? Тие зборуваат“.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....