3.8 C
Скопје
09:36 - 18 декември, 2024

Што сакал да чита Ајнштајн?

ајнштајн

Често се случува генијот да не биде веднаш препознаен. Иако стана најголем теоретичар по физика и синоним за научник на сите нас, таткото на атомската бомба Алберт Ајнштајн како мал во училиште прилично се мачел. Имал проблеми со дислексија, семејството го сметало за бавен, а во училиште неговиот учител тврдел дека од него ништо нема да биде.

Сепак, Ајнштајн имал незаситен апетит за читање и обемна лична збирка на книги. Во „Ајнштајн за 21 век“ авторите ја опишуваат библиотеката на овој познат научник. Таа содржела големи збирки на германски книги на автори, како Болцман, Фридрих Хебел, делата на Хане, Хелмхолц и Фон Хумболт. Библиотеката ги содржела и делата на филозофите Кант, Лесинг, Ниче и Шопенхауер.

Но, кои биле омилените книги на Ајнштајн? Можеби не постои едноставен одговор на тоа, но знаеме на кои дела творецот на теоријата за релативност се враќал повторно и повторно.

Ова се неговите 5 омилени книги и писатели.

 „Анализа на сензации“, Ернст Макс

Развојот на теоријата на релативноста на Ајнштајн бил под влијание на делото на Ернст Макс – австриски филозоф и физичар од 19 век. Во неговата „Анализа на сензации“, Макс пишува за неостварливата природа на човечките сетила и менталитетот на егото.

Работата на Макс вклучува и критики за Њутновите теории за времето и просторот – уште еден извор на инспирација на Ајнштајн. Всушност, Ајнштајн именувал хипотеза што произлегува од Макс како „Принципот на Макс“ – идејата дека инерцијата потекнува од интеракција помеѓу телата, што е идеја која Ајнштајн ја сметал за инструментална.

„Дон Кихот“, Мигел де Сервантес

Леополд Инфелд, кој работел со Ајнштајн, во неговата автобиографија „Потрага“ пишува за тоа колку Ајнштајн ја сакал класичната приказна за витезот Дон Кихот.

– Ајнштајн лежеше во кревет без маица или пижама, со „Дон Кихот“ на неговата ноќна масичка. Тоа е книгата во која тој најмногу ужива и сака да ја чита за релаксација.

„Етика“, Барух Спиноза

Спиноза бил еврејско-холандски филозоф од 17 век чии дела биле основа на просветителството и современата библиска критика. „Етика“ е едно од основните дела за западното размислување, опишувајќи ги целосната космологија и сликата на реалноста, истовремено обезбедувајќи инструкции за водење етички живот. Книгата го опишува Бог како природен поредок, a луѓето се „режим“ на Бог. Според Спиноза, сѐ што се случува произлегува од природата на Бога.

Овој „пантеизам“ на Спиноза бил дел од духовниот поглед за светот на Ајнштајн.

– Верувам во Богот на Спиноза, кој се открива себеси во хармонијата на сѐ што постои, а не во Бог што се занимава со делата на човештвото и нивните судбини – рекол Ајнштајн.

„Расправа за човечката природа“, Дејвид Хјум

Оваа книга од шкотскиот филозоф од 18 век се обидува да ја разбере врската помеѓу науката и човечката природа. Таа имала огромно влијание врз Ајнштајн. Постигнувањето на Хјум за артикулирање на научно морална филозофија влијаело врз физичарот. Ајнштајн ја сакал забелешката во книгата дека само набљудувањето не може да ги сфати законите на природата. Оваа импликација имала големо влијание врз развојот на контраинтуитивните идеи на Ајнштајн.

Делата на Јохан Гете

Можеби најмногу дела од големата колекција книги на Ајнштајн му припаѓале на германскиот автор Јохан фон Гете. Физичарот ги поседувал собраните дела на авторот во издание од 36 тома, заедно со дополнителни 12 тома и 2 тома на „Оптика“ (вклучувајќи ја и размената на писма меѓу Гете и Шилер) и уште една книга на „Фауст“.

Ајнштајн му се восхитувал на Гете и постојано го цитирал. Во писмо од 1932 година до Леополд Каспер, Ајнштајн напишал дека му се восхитува на Гете и го смета за еден од најпаметните и најмудри мажи на сите времиња. Тој додал дека дури и неговите научни идеи заслужуваат да бидат почитувани, а неговите грешки се грешки како на секој голем човек.

Освен овие книги и автори, Ајнштајн уживал и во „Браќата Карамазови“ од Достоевски и во делата на Мадам Блаватска.

Слични објави

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

(Фото) Адријана Лима се омажи: Mанекенката ја објави радосната вест и ги покажа бурмите

Еспресо

(Фото) Јубилеен 60. роденден: Маријана и Росана прославија на различни континенти!

Еспресо

(Фото) Погледнете како изгледа синот на Зорица Брунцлик: Првото дете го родила на само 18 години, а пред Кемиша ги бакнувала овие познати музичари!

Еспресо

Саша Ковачевиќ со секси мускули: Поради тоа како изгледа во новите спотови, никој не ни обрнува внимание на песните

Еспресо
Се вчитува....