Вашиот хороскопски знак, покрај другите работи, открива и како се однесувате во бракот, дали сте традиционални, посветени на семејството или вашиот брачен живот не ви причинува задоволство.
Овен
Машките овни се многу мажествени и лесно се одлучуваат за брак. Не бегаат од одговорност и сакаат да бидат доминантни. Покрај себе сакаат да имаат убава и паметна жена, која ќе им даде доволно слобода. Честопати се случува дополнително задоволство да бараат надвор од домот.
Женските овни секогаш ќе ги поддржуваат амбициите на партнерот, бидејќи покрај себе сакаат да имаат успешен маж. Тие ги исполнуваат сите свои брачни обврски, но не сакаат да се откажат и од сопствените интереси. Жената-овен е многу активна и секогаш е добро организирана. Склона е на љубоморни испади.
Бик
Машкиот бик е многу посветен на својата сопруга и на децата. Секогаш се труди да му обезбеди најдобри услови за живот на своето семејство. По природа е многу благ и добродушен. Тој е еден од најстрасните мажи. Доколку неговата жена не му пружи доволно физичко задоволство, може да биде склон на неверство.
Жената-бик е многу посветена на брачната заедница и е подготвена на жртва за да ја зачува хармонијата. Поддржувајќи ја тезата дека љубовта доаѓа преку стомакот, таа е одлична домаќинка. Многу е чувствителна и слаба е на деца. Од мажот очекува да биде успешен и да ѝ пружи материјална сигурност.
Близнаци
Мажот-близнак не е најидеален партнер за брак. Животот со него може да биде многу убав, интересен и опуштен, но само доколку покрај себе има сопруга која нема да го ограничува. Од друга страна, неговата жена, исто така, ќе има потполна слобода. Тој е многу шармантен и сака да флертува.
Жената-близнак е по природа малку палава, но во име на бракот е подготвена да се промени. Претставничките на овој знак се многу приврзани за својот сопруг и им одговараат мажи кои можат ментално и интелектуално да им парираат. Не е тип на жена која ќе запостави сè во име на фамилијата, бидејќи сака и да биде успешна во кариерата.
Рак
Машкиот рак е многу традиционален и многу е приврзан за своето семејство, но за фамилијата од која потекнува. Иако важи за идеален партнер, со него не е баш лесно да се живее. Неговата сопруга секогаш ќе мора да се натпреварува со неговата мајка. Сепак, тој поминува најголем дел од своето време во домот и е многу добар домаќин.
Жената-рак е вистинска емотивна сопруга, која покажува разбирање, сочувство и верност кон својот маж. Пред сѐ е мајка, полна со љубов и разбирање. Семејството ѝ е најважно во животот. Таа бара маж кој во секој момент ќе ѝ биде заштитник и на кого ќе може да се потпре. Лесно стапува во брачните води, а уште полесно се препушта на иницијативите кои ги презема нејзиниот партнер.
Лав
Мажот-лав е човек кој сака да биде центар на светот на својата жена. Тој смета дека сите по дома треба да му се подредени, а тој да наредува. Како родител не е строг, бидејќи тој е самиот, на некој начин, големо дете. Неговата жена мора да биде убава, негувана и секогаш дотерана.
Жената-лав е многу организирана и секогаш наоѓа време за сè, а и куќните обврски никогаш не ги запоставува. За сите амбициозни мажи, таа е идеална прилика. Нејзината појава секогаш предизвикува воодушевување. Со гордоста ќе можете да ја претставите пред вашите родители, пријателите и колегите на работа. Таа е лојална и страсна.
Девица
Машката девица во брак со сигурност ќе биде највредниот маж и некој кој на прв поглед сите жени би го посакувале. Тој не е посесивен, но ни особено страстен, па најдобро се вклопува со жена-девица. Често е многу конзервативен во своите сфаќања и не е нешто многу романтичен.
Жената-девица е многу аналитична. Доколку не се одлучи за брак од интерес, во брачната заедница таа е многу чувствителна сопруга и мајка. Таа е способна да ги држи сите конци во рака. Од мажот очекува пред сè да биде одговорен. Знае да делува ладно, а физичкото задоволување не ѝ е примарно.
Вага
Мажот-вага е прав уметник во љубовта, но сепак не е човек кој може да му одговара на некого за брачен живот, бидејќи тешко се прилагодува. Го привлекуваат жени кои водат грижа за својот изглед и кои умеат да му се спротивстават ако е потребно. Многу е страстен, одличен љубовник, но и често е неверен.
Жената-вага е многу впечатлива, привлечна и женствена, затоа секогаш е опкружена со додворувачи. Таа е идеал по која мечтаат сите мажи, а во бракот тежнее за хармонија. Таа е вистинска дама, која не ужива во извршување на куќните обврски. Мажот мора да ја разгалува, пази и да ѝ обезбеди луксузен живот.
Скорпија
Мажот-скорпија е многу посесивен и љубоморен. Со него не е лесно да се дојде до среќа во бракот. Непријатните ситуации можат да се избегнат доколку жената постојано му покажува и докажува дека е многу заљубена. Не сака ладни и доминантни жени бидејќи смета дека тој е „глава на семејството“.
Жената-скорпија многу сериозно му пристапува на бракот. Партнерот секогаш го избира со срце, а не со разум. Таа ќе направи сè за да ги усреќи мажот и децата. Од друга страна, очекува да биде бескрајно сакана и почитувана. Многу е енергична и страсна. Доколку мажот не успее да одговори на нејзините барања, спремна е да си замине.
Стрелец
Машкиот стрелец е роден авантурист во животот и во љубовта. Не тежнее да стапи во брак по секоја цена. Неговата жена мора да биде елоквентна, забавна и способна да може да се снајде без него. Тој на љубовта гледа потполно поинаку од другите. Љубомората од својата жена никако не може да ја толерира.
Жената-стрелец пред сè е многу мудра и пријателски настроена како сопруга. Спремна е да го следи својот партнер во сè. Во бракот не поднесува монотонија и ќе стори сè за заедничкиот живот да стане рутина. Потребен ѝ е некој кој умее да ја забавува, а во душа е романтична.
Јарец
Мажот-јарец е најчесто посветен на кариерата, па во брачните води влегува многу покасно од другите знаци. Жената покрај него ќе се чувствува сигурно, но ќе биде лишена од емотивни изливи на нежности од негова страна. Тој несвесно бира доминантна жена, но очекува и некои негови правила да се почитуваат.
Жената-јарец е створена за маж кој тежнее да има мирно семејство и живот без големи возбудувања. Мажот може да биде потполно сигурен во нејзината верност. Сепак, оваа жена е многу воздржана, ладна, дури често и одбивна. Не умее да покаже емоции, дури и кога навистина ѝ е важен партнерот.
Водолија
Мажот-водолија е многу непредвидлив и не е идеален за брак. Неговата избраничка не треба да ги отвора сите карти доколку сака да го задржи неговото внимание за време на заедничкото живеење. Тој лесно се определува за онаа која е поинтересна и поспособна.
Жената-водолија е многу едноставна, необична и пријателски настроена жена. Од бракот бега додека не се појави оној вистинскиот. Во кујната не се снаоѓа баш најдобро, но затоа никогаш не се срами или плаши да ги покаже нејзините емоции. Сака авантури секогаш кога брачниот живот ќе ѝ стане рутина.
Риби
Машката риба е еден од најдобрите кандидати за брак. На својата жена е подготвен да ѝ ги исполни сите желби, доколку тоа му го дозволуваат можностите. Тој е личност која најмногу време ќе поминува со своето семејство. Тешко би се одлучил да ја ризикува својата брачна среќа за некоја друга љубовница.
Женската риба е толку многу женствена, што сите останати жени ги фрла во сенка. Честопати нема доволно енергија и волја да ги спроведе своите фантастични идеи на дело, па затоа ѝ е потребен јак маж, кој ќе ја води низ животот. Од бракот нема да се откаже дури ни кога односот со партнерот ѝ е лош, бидејќи цврсто верува дека сѐ може да се надмине и добро да се заврши.