15.8 C
Скопје
12:16 - 7 март, 2026

Сè за да стане светска дама: Јованка Броз во Рим учела убаво однесување

На 20 октомври, 2013 година во Белград почина Јованка Броз, а беше погребана во Куќата на цвеќето. Во последните години не се знаеше практично ништо за првата дама на поранешната држава, симболот на едно време што умре пред неа.

Кога почина Тито, а нејзиниот имот беше национализиран, Јованка целосно се повлече и последните години ги мина, наводно, во сиромаштија. Речиси и не даваше интервјуа. Таа му беше сопруга на Тито од 1952 година, па сè до крајот на неговиот живот, во 1980 година, иако последните заеднички години ги минале разделени.

Јованка, родена во Лика, Хрватска, во 1924 година како Будисављевиќ, била политички активна уште од младоста. Уште на 17 години таа се зачленила во Сојузот на комунистичката младина на Југославија, а на 21 година добила и два Ордена за храброст. Со Јосип Броз Тито се запознала во 1944 година за време на германскиот десант на Дрвар.

Љубовната приказна на овој пар веројатно започнала во тој период. со оглед на тоа дека во брак стапиле во 1952 година. Но, како точно започнала таа љубов, не е јасно и не се знае до ден-денес. Наводно, по Втората светска војна, на 24 години Јованка почнала да работи во кабинетот на Тито. Тогаш му паднала в очи на значително постариот и харизматичен Броз. Друга верзија на настаните е дека Јованка во 1945 година била ангажирана за да ги контролира храната и здравјето на лицата што го опкружувале Јосип, а подоцна наводно му станала лична секретарка.

Големата љубов на Јосип, Даворјанка Пауновиќ, во тој период починала. Се претпоставува дека тој тогаш нашол утеха во ангажираната и амбициозна Јованка. Она што е познато е дека во 1952 година тие се венчале во вила во Илок, Хрватска. Дека Јованка е прва дама на Југославија, станало јасно во 1953 година, кога во посета стигнал британскиот министер за надворешни работи. Од девојче од Лика, таа дошла до општествен статус, влијание… кралица на поранешната држава.

Кога се венчале, Јованка во Рим учела убаво однесување, манири – сè за да стане светска дама. Веќе не било доволно да биде млада партизанка. И брзо го заинтригирала светот со својата широка насмевка. Носела дизајнирана облека, изгледала извонредно, а за неа шиела легендарната Жужи Јелинек. Станала дама, попопуларна од актерките во тоа време. Но, апетитите се зголемувале, па Јованка наводно сакала и политичка моќ и влијание, па на најблиските соработници на Тито не им се допаднало тоа.

Љубовта и односот меѓу Јованка и Тито отсекогаш биле прекриени со тајност, но се знае дека во 70-тите години тие се дистанцираат и оттогаш нивото заедничко појавување во јавноста станува реткост. Последното заедничко појавување им е во 1977 година. Наводно била многу тешка за соживот. Набрзо е фатена под сомнителни околности, а се шпекулира и дека тоа фаќање го наредил Тито, под притисок од соработниците, кои го манипулирале против Јованка. Во последните години од животот Тито живее сам, а Јованка се појавува дури на неговиот погреб во 1980 година. Иако во текот на последните години од животот на Тито тие живеат на дистанца, Јованка и Јосип Броз никогаш официјално не се разделија.

Кога почина Тито, Јованка беше во многу лоша позиција. Ѝ го одзедоа имотот, а немаше ни лични документи. Ги доби само неколку години пред смртта. Умира тешко, грдо, во самотија, од тешка болест.

Слични објави

Дара Бубамара му купила на синот стан од 500.000 евра, еве во кој европски град се наоѓа луксузниот имот

Еспресо

Снежана Савиќ, мајка со големо срце: „Бев фатална само за себе“

Еспресо

„Девојката со крилата“ објави дека го изгубила бебето: „Никому не би му посакала да го изоди истиот пат“

E.A.

„Се сакаме, ми готви секој ден“: Тигар првпат јавно проговори за врската со Јована Јеремиќ

apostolova

Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак

Еспресо

„Почнаа контракции поради стресот, имаме финансиски проблем“: Српски пејач со бремената сопруга сè уште се заглавени на Тајланд поради конфликтот на Блискиот исток

Еспресо
Се вчитува....