10.8 C
Скопје
19:47 - 13 март, 2026

(Фото) Се огласи пејачката која го разоткри Харис Џиновиќ: Старецот со мустаќи се залета, се работи за млади девојчиња

Пејачката и победничка на една од сезоните на музичкото натпреварување „Никогаш не е доцна“, Зорица Ериќ, го прозва својот постар колега Харис Џиновиќ на социјалните мрежи.

Имено, таа индиректно го прозва постариот колега Харис Џиновиќ. Како што истакнала Зорица, таа немала проблем со Џиновиќ.

– Прво, не сум млада, имам 46 години, тука се во прашање млади девојки, млади убави девојки – рекла Зорица за српски „Телеграф“.

Потоа открила каде се случила ситуацијата, којашто ја навела да коментира на социјалните мрежи и дека не се затекнала на истата локација.

– Не бев присутна. Девојките објавијa искуства на Инстаграм, цел Чачак објавуваше. Јас не бев ниту таму, а не би ни одела. Некои мои другарки и познаници се дружеа, па бев изненадена, бидејќи тој секогаш држеше до себе, секогаш да биде фин на сцената, барем тоа што го забележав од неговите јавни настапи. Сега се изненадив, цела ноќ шеташе низ публиката, па врти-сучи се задржуваше кај овие девојчиња – рекла таа за „Телеграф“.

Да потсетиме, Зорица во кратката објава напиша на социјалните мрежи:

– Но, старецот со мустаќи, кој како врапче се залетуваше на младите жени цела вечер. Бегај гроб – напишала таа.

– Можам да коментирам секого и се. Па, ако не ви се допаѓа, знаете како оди. Не можам да почитувам и ценам маж со мустаќи кој на сите начини плукнал жена со која има деца. Тоа не го прави господинот за кој мислев дека е, точка. Повеќе би сакала да ја слушам Маја Николиќ како вреска – напишала таа.

Иако директно не го прозва по име и презиме, во делот каде што ги спомнува „мустаќите што ги давал“ – на сите им е јасно на кого мислела.

 

 

 

 

Слични објави

Пукна љубовта меѓу светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис и атрактивната португалска глумица

Еспресо

„Ставете му микрофон со него“: Дарко Лазиќ со скршено срце го испрати братот Драган на вечниот починок

Еспресо

(Фото) „Докторот ми стави премногу филери, ми се спуштија до половина лице“! Српската убавица преживеала драма по естетска интервенција

Еспресо

(Фото) Четири месеци радост во домот на Миро Кацаров, малиот Тадеј расте опкружен со љубов

Еспресо

Докторите и предвиделе на Ведрана Рудан уште 3 месеци живот

Е.А.

„Ова не е нормално“: Синди Крафорд покажа како ѝ почнува денот, луѓето ужаснати

Еспресо
Се вчитува....