12.8 C
Скопје
00:09 - 30 октомври, 2026

РИЈАНА откри како изгледала средбата на ASAP со мајка ѝ: „ТАА одлично ги проценува луѓето!“

Една од најпознатите трудници во светот, музичарката Ријана, за Вог ги откри деталите од врската со раперот ASAP Роки. Имено, пејачката призна дека на самиот почеток го гледала раперот со кој сега го очекува своето прво дете, исклучиво како пријател, пишува Глорија.

„Кога некој е во мојата пријателска зона, многу му е тешко да излезе од неа“, призна таа.

Пејачката се присети и на нивниот заеднички настап во 2012 година на доделувањето на МТВ наградите на Ем-Ти-Ви, кога нејзиното сегашно момче ја фати за задникот среде настап.

„Ме фати за задник на сцената, но тоа не беше дел од договорениот настап“, се сеќава таа за Vogue, додавајќи дека нејзиниот тим бил бесен поради овој потег на раперот, но таа одлучила дека нема да реагира.

Работите меѓу Ријана и раперот од Харлем станаа посериозни во 2020 година кога пандемија го опустоши светот. Парот патувал со туристички автобус од Лос Анџелес до Њујорк, а токму овој настан одлучил долгогодишните пријатели да станат љубовници.

„Тој стана мое семејство во тоа време“, рече таа, а исто така откри и како изгледал моментот кога ASAP ја запознала нејзината мајка.

„Иако е навистина тешко да се импресионира мајка ми, таа веднаш го прегрна. Одлично ги чита луѓето, не сака да ги погледне ниту денес некои од момците со кои излегував, а тој ја шармираше додека да трепнеш“ изјави пејачката која моментално е бремена.

Слични објави

Зошто толку нè вознемирува кога некој не ни одговара на порака? Психологијата го објаснува стравот што се крие зад чекањето

К.С.

Емина Јаховиќ со необични совети за детоксикација: „Ако немате сауна, влезете во автомобилот и вклучете го греењето на најсилно“

Еспресо

Уна Чолиќ доби подарок од 7.000 евра од дечкото – го прослави својот 25-ти роденден во Виена

Еспресо

Дара Бубамара подготвува полнолетство на синот, а најави и свадба и желба за уште едно дете

Еспресо

(Фото) Бресквица го покажа новиот дечко – ужива со него во авантурите во Дубаи

Еспресо

(Фото) Македонската блогерка Јована Трајковска стана мајка — на свет пристигна малиот Матиас

К.С.
Се вчитува....