18:21 - 7 април, 2026

РЕЦЕПТ ЗА ШАКШУКА: Омиленото јадење на блогерката Сандра Малетски, нашинка во Софија

Сандра Малетски е дипломиран педагог, магистер по човечки ресурси, а популарна е со својот Инстаграм блог за дом, декорација, организација, совети за чистење.

Сандра е од Скопје, но веќе четири години живее во Софија со нејзиното семејство. Нејзиното омилено јадење е Шакшука.

„Ова јадење за прв пат го пробав во Израел и од тогаш Шакшука е едно од нашите омилени израелски јадења кое често се готви во нашиот дом“ – вели Сандра.

фото-приватна архива

Шакшука

1кг пиперки

2-3 домати

1 кромид

1 (мал) модар патлиџан

1 с.л. доматна паста

4 јајца

Свеж копар

сол и бибер

Се пржат ситно сецканите пиперки и кромид додека да омекнат.

Се додава ситно сецкан модар патлиџан, ситно сецкани излупени домати и полна супена лажица доматна паста.

Се остава на тивко да се динста сѐ додека не испари водата од доматите.

Се кршат јајцата и се поклопува со капак на неколку минути.

На крај се поросува со свеж копар.

фото-приватна архива
фото-приватна архива

 

Слични објави

Изберете елеганција што остава трага и стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо

Телевизија Пинк објави кога Зорица Брунцлик ќе се врати во „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо
Се вчитува....