8.8 C
Скопје
17:15 - 27 октомври, 2026

Разоткриени! Јована Јеремиќ и Драган Станковиќ тајно се гледаат по раскинувањето на свршувачката!

Водителката Јована Јеремиќ неодамна ја раскина врската и свршувачката со бизнисменот Драган Станковиќ, со кого, како што се пишуваше, прекинала секаков контакт.

Меѓутоа, како што ексклузивно дознава српски „Телеграф“, Јована и Драган почнале да се гледаат во строга тајност кратко време по раскинувањето на свршувачката, со цел да се избегне каква било можност некој однадвор да ја загрози нивната врска и потенцијалното помирување.

– Јована и Драган се гледаат постојано, тоа е вистината. Тие раскинаа и во моментов не се заедно, немаат никаков машко-женски контакт, знаете на што мислам, но се обидуваат да си помогнат еден на друг преку разговори и да го решат главниот проблем и причината зошто повеќе не се заедно – открива извор за „Телеграф“.

– Тие безгранично се сакаат, причина за разделбата не е недостатокот на љубов. Други работи се во прашање, но никој од нив не сака јавно да зборува за тоа. Сега се обидуваат да го надминат тоа и си дале време и себеси, а и еден на друг, за тоа нешто што ги мачи, да дојде на своето – раскажал соговорникот.

Во оваа прилика од редакцијата на „Телеграф“ се обиделе да добијат коментар од Јована и Драган, но таа само кратко рекла дека не сака да коментира ништо поврзано со тоа.

Инаку, Јована неодамна откри дека нејзиниот иден партнер мора да има целосно разбирање за нејзината професија.

– Маж кој ме сака е осуден да ме дели со сцената, кој не може да го направи тоа, нема што да бара во мојот живот – напишала водителката на Инстаграм.

Меѓутоа, за време на нивната љубов, Станковиќ покажал големо разбирање за нејзината работа и често учествуваше во неа.

 

 

 

Слични објави

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо

(Фото) Владо Георгиев повреден, рамото во гипс: „Паднав пред 7 дена и го претчувствував падот на владата“

Еспресо

„Има 88 гаражи на Менхетен и 1.500 работници“: Бизнисот на новиот партнер на Мина Костиќ предизвика поделени реакции

Е.А.

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо
Се вчитува....