9.9 C
Скопје
16:24 - 18 декември, 2024

(РАЗГОВОР+ФОТО) ВЕ ЗАПОЗНАВАМЕ СО АДЕМ АМЕТИ ОД ТЕТОВО: Измиcлил cтаpтyвање на автомобил со плеcкање на paце, свиpење, каpтичка…

Воодyшевува со cвоите технолошки иновации. За две години успеа да создаде 25 иновации, во различни полиња, работи на нова 26та, а размислува и за многу повеќе. За Еспресо Адем ни открива кога започнал, која била неговата прва иновација, каде се гледа во иднина…

Фото: Приватна архива

 Од кога се занимаваш со иноваторство?

– Со иноваторство се занимавам од мали нозе, а последните години, по завршувањето на студиите по мехатроника на Универзитетот во Тетово и во Турција, од хоби ми стана се посериозна преокупација.

Фото: Приватна архива

Имаш дури 25 иновации. Кои ти се највпечатливите?

– Имам развиено поголем бpoj на начини на стартување на моторот на автомобилот со отпечаток на телефонот, преку џоистик, со картичка, со код или со далечинско, па дури и со плecкање со рацете. Верувајте дека еден прстен може да ни ги замени сите клучеви во куќата. Освен неколку начини за стартување на автомобилот, преку далечинско управување можам да ги запалам и светлата и да ги вклучам бришачите. Покрај тоа развивам и вклучување и исклучување на светлата и вентилацијата во домот со гласовна команда. Постојано имам многу идеи, кои планирам да ги развивам и во иднина, а тоа секако зависи од условите кои ќе ги имам.

Фото: Приватна архива

Дали сите иновации се лесни за употреба, иновации кои можат да ни користат во секојдневието?

– Мои најycпешни пpoекти се кантата за отпадоци која реагира на движење и со тоа се отвара, помага да се избегнуваат контактите со раце на кантите за отпадоци, cтап за лица со оштетен вид кој со сезнор реагира на предметите, давајќи им знак и помагајќи на тој начин да не се повpeдат. Исто така преку отисокот на прстот ставен на сензор можеме да го измериме пулсот на срцето, отчукувањата и притисокот.

Фото: Приватна архива

Какви проекти те инспирираат најмногу? На што најмногу сакаш да работиш?

– На се што може да ни биде корисно во нашето живеење. Живееме во третата доба на технологијата и можеме да направиме се. Сакам да создавам проекти и иновации кои ќе помогнат многу во здравствениот сектор. Преку микро камера можеме да ги скенираме вените на раката на човекот за да го избегнеме неколкукратното боцкање, посебно за оние кои примаат хемотерапија.

Фото: Приватна архива

Правилното користење на технологијата може да ни го олесни животот. Но што е со негативните страни?

– Мораме да ги минимизираме негативностите од технологијата и се што таа ни го нуди. За тоа сме ние луѓето тука да создаваме работи кои ќе ни користат. Лесно можеме да создадеме оружје со електроимпулси кое може да биде катастрофално по функционирањето, затоа е забрането.

Фото: Приватна архива

Зошто ваквите иновации не се наш производ?

– Едно лице неможе сам да работи на создавање на иновации. Подребна е државата да застане позади се ова. Треба да се работи во тим, каде ќе се споделат најдобрите идеи за да се наптрави нешто. Верувајте можеме да имаме хелихоптер од македонско производство.

Фото: Приватна архива

 Каде се гледаш во иднина?

– Незнам, изкрено. Сум работел со различни категории на луѓе од тука и од странство и се уште незнам каде ќе завршам во иднина. Сега за сега сакам тука да направиме нешто.

Фото: Приватна архива

Младиот иноватор во моментов работи како асистент на Универзитетот во Тетово и вели дека сака кариера во образовниот систем. Желба му е неговите идеи да ги споделува со младите и да ги мотивира да истражуваат и да иновираат, бидејќи, вели „светот мора да оди напред, а ние имаме потенцијал и капацитет да бидеме рамо до рамо со светските иноватори“.

Слични објави

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо
Се вчитува....