5.8 C
Скопје
17:00 - 26 декември, 2024

„Рампата беше спуштена, само рекоа…“: Гога раскажа сè за синоќешното приведување на границата со Хрватска

Српската пејачка Гога Секулиќ синоќа, 25 декември, е приведена на границата меѓу Босна и Хрватска.

Заедно со неа бил и пејачот Александар Мисојчиќ, попознат како Ксандер, кој бил уапсен поради недоразбирање.

Меѓутоа, набрзо пејачот бил пуштен на ослобода и заедно со Гога се упатиле во Хрватска на настапот кој бил закажан за синоќа.

Пејачката се огласила и ексклузивно открила за српски „Телеграф“ што всушност се случило:

– Вистина е, имавме проблем на границата. Поточно, дојде до недоразбирање. Навигацијата нè доведе до граничниот премин кој не работи, ние тоа не го знаевме. Рампата беше спуштена, видовме полициска кола. Во меѓувреме, ни се јавија сопственикот и менаџерот да прашаат кога пристигнуваме, тонска проба, бидејќи целиот клуб е распродаден, бидејќи денеска им е празник. Инаку читам секакви работи по порталите, јас сум една од омилените пејачки во Хрватска, бидејќи сега пишуваат дали сме имале работни дозволи откако сме се обиделе да влеземе пешки, сето тоа е неточно. Вистината е дека дојдовме до граница која не работи и еден колега ѝ мавна на полицијата за да праша, а во тој момент зачекори и тие рекоа дека Ксандер е уапсен. Ни рекоа дека ако преминеме и ние ќе бидеме уапсени, а дека тој ќе плати голема казна. Потоа ми рекоа мене и остатокот од тимот да дојдеме во станицата – рекла Гога за „Телеграф“.

Пејачката рекла дека сите имале уредни документи и работни дозволи. Таа открила колку долго се задржал нејзиниот колега и колку пари требало да плати за казната.

– Тој беше таму неколку часа, а ние останавме додека го проверуваа бидејќи бевме со неговиот автомобил. Газдата пристигнал на станицата да го земе и Ксандер ја платил казната. Отидовме во клубот на тонска проба и буквално почнуваме да пееме за една минута.

Казната што ја платил пејачот, како што изјавила Гога, била околу 500-600 евра, само затоа што ја ја пречекорил границата.

Пејачката рекла дека истото би го поминала доколку направела чекор понатаму како колегата.

– Бидејќи постојано нè прашуваа кога ќе пристигнете, јас реков „Ајде кренете ја рампата да поминеме. Среќа што не, мислам дека ќе излезев дури следната година – низ смеа вели таа, а потоа додава:

– Беа премногу љубезни, не можам да си ја грешам душата. Само рекоа: Госпоѓице Гого Секулиќ, одете на главниот премин, вашиот колега Ксандер е приведен, ве чека во станицата, вие поминете пешки тука и тука, прашавме каде бидејќи имаше неколку гранични премини и така сè се случи. Траеше неколку часа.

Како што вели, Гога со уште еден музичар и возач го чекала колегата да излезе од станицата и потоа се упатиле на главниот премин за да стигнат до закажаниот настап.

– Потоа отидовме на главниот премин каде што беа Босанците, тие беа љубезни…а тимот на хрватската граница беше многу љубезен. Тие рекоа дека им е жал што не можат да дојдат на шоуто бидејќи работеле. Им честитавме Божиќ и чекавме да излезе нашиот колега. За среќа, колегата Ксандер е мирно момче, сè помина добро – истакнала Гога.

Слични објави

(Фото) Гола Баба Мразица: Парис Хилтон позираше разголена пред елка, интимата ја покри со панделка

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Придобивки од дигитализација и интеграција на податоци во медицината

Еспресо

(Видео) На божиќната прослава Адријана Лима се забавува со „Југословенка“ на Лепа Брена

Еспресо

Тијана Дапчевиќ се огласи на Инстаграм за скандалот: Пејачката вели дека некој ѝ го сменил текстот без нејзино знаење

Еспресо

(Фото) Живот со стил во божиќната Виена: Елена Најдоски блесна во прекрасни модни комбинации во австриската престолнина

Еспресо

(Фото) Аница објави никогаш видена фотографија со Лазар Ристовски: Таа го гушка, актерот пресреќен!

Еспресо
Се вчитува....