Српскиот фолк пејач Дарко Лазиќ се појави во јавноста за првпат, барем кога станува збор за Србија, помалку од еден месец по смртта на неговиот брат Драган, кој загина во сообраќајна несреќа.
Дарко посетил еден белградски локл каде што настапувал неговиот колега Урош Живковиќ.
Како што се очекувало, Лазиќ бил пречекан од група новинари, но тој само кратко рекол:
„Сега нема да давам никакви изјави. Имам причина, мојата кума се породи, па дојдов да се напијам нешто.“
Да потсетиме, две недели по трагедијата, Дарко пееше во салата „Головец“ во Целје. Тогаш многумина на социјалните мрежи го осудија што не почекал да поминат 40 дена. Меѓутоа, тој добил зборови на поддршка и разбирање од колегите пејачи за таквиот гест.
Да потсетиме, водителката на „Ѕвездите на Гранд“, Ана Севиќ, пристигнала на снимањето на музичкиот натпревар при што зборувала за неодамнешното заедничко патување на нејзиниот сопруг Данијело Недељковиќ и поранешниот сопруг Дарко Лазиќ, кои ја посетиле Света Гора пред неколку дена.
„Тоа е нешто што беше заеднички план и решивме да го оствариме со заеднички сили, мислам дека е многу потребно работите да одат по тој пат. Даниел сè организираше и реализираше и многу ми е драго поради тоа. Им беше многу убаво, и му благодарам на драгиот Бог, се надевам дека сè ќе биде во ред“, раскажала Ана.
