9.8 C
Скопје
22:48 - 17 март, 2026

Пролетни алергии: Пет намирници кои значително ги намалуваат алергиските симптоми

Додека некои се веселат на пролетните сончеви зраци, други – сосема очекувано- во оваа доба на годината почнува нивната „ноќна мора“, а тоа е алергијата. Но знаевте ли дека постојат намирници кои можат да ни го олеснат животот?

Јаболки – богати се со биофлавоноид, кој исто така е присутен и во лукот, зелката и карфиолот, кој го намалува прекумерното испуштање на хистамини. Конторлирањето на нивото на хистамините ги ублажува симптомите на алергијата.

Куркума – Овој индијски зачин е фален поради своето антивоспалително својство. Но, истражувањата покажуваат дека еден од елементите на куркумата го спречува претераното излачување на хистамини и така ги намалува симптомите на алергии.

Семки од тиква – Пребогати се со магнезиум и само четвртинка филџан дневно од нив е доволно за да ги ублажат симптомите од алергија. Магнезиумот ги опушта мускулите и ги отвора дишните патишта, па полесно се диши. Други одлични извори на магнезиум се и бадемите, семките од сончоглед, овесната каша, брокулата, зелениот зеленчук и темното чоколадо.

Јагоди – Витаминот Ц кој го содржат јагодите не е корисен само за подигнување на имунитетот, туку го намалува и излачувањето на хистамини кое предизвикува чешање на очите, кивање и раздразлив нос. Една студија докажува дека намалениот витамин Ц во организмот предизвикува значајно зголемување на нивото на хистамини во крвта. Јагодите се одличен природен антихистаминик.

Лосос – Богат со омега 3, лососот значително помага во намалување на алергиските симптоми. Омега 3 масните киселини се корисни не само за намалување на алергиите, туку и за појако срце, подобро расположение и подобро помнење.

Слични објави

Сале Тропико се „исповеда“ за разводот со Јована Пајиќ: „Најмногу болеше разочарувањето…“

Еспресо

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Емотивна исповед на Азис кој откри неверојатни детали од детството: Роден во затвор, а првото име му било Станислав

С.П.

Кога се сврте, проработе фантазијата – дали Маја носи нешто под фустанот?

Еспресо

(Фото) Приклучена на апарати: На познатата пејачка Диди Џеј ѝ се влоши здравјето, има проблеми со срцето

Еспресо
Се вчитува....