7.8 C
Скопје
01:47 - 24 март, 2026

„Преку глава ми е…“: Саша Ковачевиќ повторно проговори за конфликтот со Емина Јаховиќ

Пејачот Саша Ковачевиќ оваа година работи со „полна пареа“, а покрај два концерта, редовно настапува во земјата и во странство, а сега српските медиуми го најдоа и на аеродромот „Никола Тесла“ кога се враќаше од настап.

„Со Божја волја, продолжувам, се враќам од Подгорица, ќе одморам малку, но продолжуваме со Сава центар, третиот концерт е закажан за 7 февруари“, рекол Саша.

На неговиот концерт се појавија многу колеги за што тој е пресреќен.

„Срцето ми е полно поради тоа, а многу од моите колеги не сепо јавија за жал поради вирусот, кој ме собори и мене неколку дена пред концертот. Сите што не беа на првите два ќе се појават на третиот“, рекол тој и открил дали е задоволен од тоа како помина сè: „Сум. Не сум задоволен од некои технички работи. Но, ќе работам на тоа да го доближам до моите очекувања на третиот“.

Саша одговарил и на прашањето за расправијата со колешката Емина Јаховиќ.

„Не. Не го правам тоа. Малку ми е преку глава, да бидам искрен. Не сакав ни да навлегувам во тоа, не би коментирал“, рече Ковачевиќ и додал дека им симнува капа на сите што одржале серија концерти во Сава Центарот и Ушче, како што е Емина: „Секако ѝ честитам. Голем успех е, па честитки“, рекол тој.

Слични објави

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.
Се вчитува....