6.8 C
Скопје
08:12 - 1 април, 2026

Предупредување од руски астролог: Нè очекува турбулентен период, внимавајте на овие датуми!

Постои верување дека во текот на престапните години се случуваат големи пресврти на сите полиња. Најчесто под влијание на силната енергија се случуваат сериозни трансформации, од големи загуби до големи прилики за напредок.

Астролог Наталија Михалова открива каква ќе биде годината и во кој период треба да се помириме и да не донесуваме избрзани одлуки.

„Постои оправдано верување дека оваа година ќе биде година на големи кризи. 2020 започна со големо затемнување, кое траеше од 26 декември 2019 до 10 јануари 2020. Овој тунел со затемнување е одговорен за рамнотежата на духовните, материјалните и моралните интереси во текот на наредната година, па поради тие причини се можни болни периоди, загуби и конфликти.“

Оваа година може да се опише како сложена. Ќе постојат периоди кои се поволни за некои одлуки, но ќе има и онакви во кои е најдобро да не се прави ништо и да се дозволи природниот тек на нештата.

На пример, деновите од 24 јануари до 30 март се идеални за реализирање на работни идеи, различни проекти и преговори. Како што тврди Наталија, ова е време кога би требало да ја „зграпчите среќата“ и да го остварите она што долго сте го посакувале.
Март е одличен за усовршување и стекнување на нови знаења, како и за патувања.

Од 14 март започнува ретроградниот период и трае сè до 13 септември. Ретроградниот Јупитер го забавува решавањето на правните прашања, ги нарушува социјалните односи и генерално не е добар период за започнување на нови нешта. Избегнувајте да инвестирате во овој период, можно е да ги изгубите парите. Ова е период кога е најдобро да се посветите на духовниот развој.

Астрологот предупредува дека е можна и финансиска криза на светско ниво.

Од 13 мај до 25 јуни обрнете внимание на зборовите што му ги кажувате на вашиот партнер, бидејќи полето на љубовта ќе биде на удар.

Уште еднаш ретроградниот Јупитер стапува на сила од 14 септември до 14 ноември, кога се можни проблеми во сообраќајот.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....