11:05 - 3 април, 2026

Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ имаше сообраќајка: Уништен автомобилот вреден милион евра, еве во каква состојба е Тони Бијелиќ

Тони Бијелиќ, поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ, доживеа сообраќајна несреќа и за влакно избегна трагедија. Дека Тони Бијелиќ доживеа сообраќајна несреќа брзо се прошири во Опатија, каде сето тоа се случи пред еден час, пренесуваат локалните медиуми.

Тони Бијелиќ го возел својот блиндиран „ролс ројс“ вреден околу еден милион евра, кој е тешко оштетен, пишуваат медиумите.

Тони не бил сам во автомобилот во моментот на несреќата, но за среќа никој не е тешко повреден. И бизнисменот е добро, но изнервиран од се што се случило, не толку поради оштетувањето на автомобилот, туку поради тоа што можело да дојде до трагедија, пренесуваат тамошните медиуми.

Камион со кран пристигнал на местото на настанот за неколку минути и го однел автомобилот на Тони во Виена, додека Бијелиќ заминал со неговите пријатели кои дошле да го земат, пишува „Скандал“.

Слични објави

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо
Се вчитува....