21:25 - 5 април, 2026

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Снимањето на новиот видеоспот за песната „Рата-та-та-та“ собра познати имиња од хрватската сцена, меѓу кои музичарката Алка Вуица и музичарот Дамир Мартиновиќ Мрле од Лет 3. Во реализацијата на проектот учествувала и поранешната мис Ана Батарело, која презела одговорност за дел од организацијата на реквизитите користени за време на снимањето, пренесуваат хрватските медиуми.

Реквизитите, меѓу кои имало и реплики на оружје позајмени од Јадран филм, биле оставени на рецепцијата во хотелот за екипата да може да оди на вечера. Убедени дека реквизитите се безбедни, членовите на екипата не очекувале никакви проблеми, но ситуацијата брзо се искомплицирала.

Во текот на вечерта, вработените во хотелот го забележале оружјето и процениле дека може да претставува безбедносен ризик. Поради тоа реагирал човекот од обезбедувањето кој, постапувајќи според протоколот, одлучил да ја контактира полицијата.

Откако се повлекла во својата соба, Ана среде ноќ ја разбудил повик од рецепција.

„Ана Батарело, можете ли, ве молам, да се симнете на рецепција? Имаме проблем со вашето оружје“, го прераскажала Ана повикот. Веднаш ја известила Вуица, па заедно се симнале долу, каде што ги пречекал човекот од обезбедувањето кој веќе ја повикал полицијата.

По пристигнувањето, затекнале напната ситуација и вознемирен член на обезбедувањето кој го чекал доаѓањето на полицијата. И покрај објаснувањата дека станува збор за филмски реквизити со уредна документација, сомнежот не бил веднаш отстранет. Полициските службеници по пристигнувањето постапиле според правилата, што резултирало со приведување на Ана и дополнителни проверки.

Целиот настан добил посериозна димензија кога случајот бил окарактеризиран како поседување воено оружје, иако станувало збор за нефункционални предмети.

Оваа непријатна ситуација предизвикала стрес кај членовите на екипата и го засенила завршувањето на снимањето, за што Ана пишуваше на Инстаграм.

Алка Вуица јавно изрази незадоволство од развојот на настаните и застана во одбрана на Ана. Таа истакнала дека смета оти целата ситуација била несразмерна и непотребно драматизирана: „Навистина беше страшно и никако не можам да заспијам… Не можам да поверувам во какво време живееме.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alka Vuica (@alka.vuica)

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.
Се вчитува....