00:31 - 1 март, 2025

Поранешната девојка на Диди откри вознемирувачки детали: „Ме фати за грлото, ме присилуваше на…“

Канадската манекенка Кат Пасиoн, една од поранешните девојки на Диди откри вознемирувачки детали од нивната врска кои досега беа непознати. Во претстојниот документарец „Падот на Диди“ („The Fall of Diddy“), таа се пристети на некои вознемирувачки ситуации.

Кат и Диди започнале врска во 2018 година, по неговото раскинување со пејачката Каси Вентура. Диди ѝ ветил дека со неа сѐ ќе биде поинаку, но Кат тврди дека за време на една расправија тој ѝ ја ставил раката околу вратот.

„Не се осмелувај! Ќе ја повикам полицијата,“ наводно му рекла Кат, по што Диди се насмеал и ѝ рекол дека само се шегува.

Друг вознемирувачки момент се случил кога заедно гледале документарец за Р. Кели, осуден за сексуално насилство.

„Во секој од нас има малку од Р. Кели“, наводно прокоментирал Диди.

Врската меѓу Кат и Диди траела околу една година. Манекенката тврди дека раперот ѝ се заканувал, велејќи ѝ дека „не сака да заврши како неговата поранешна, Каси“. И покрај сѐ, во 2021 година Кат и Диди се сретнале во неговата куќа во Малибу, каде што тој наводно ја принудил на сексуален однос, откако не можел да заспие.

„Беше страшно, искрено, затоа што тонот му се промени, како и сѐ друго. Не се согласив… Не ја препознав личноста која излезе од бањата и ме разбуди. Не го препознав и знаев дека никогаш повеќе нема да го видам,“ опиша Кат, пренесува „Пејџ сикс“.

„Се чувствував толку мала и безначајна, затоа што таа личност има толку многу моќ и ресурси, како и луѓе околу него. Беше страшно. Истовремено, си велам дека требаше да знам подобро. Во тоа е срамот,“ заклучила манекенката. Но, тоа не бил крајот на контактите со Диди. Кат тврди дека тој ѝ се заканувал по телефон дека ќе ја депортира во Канада. На крајот од разговорот, му рекла дека е демон, по што Диди ја прекинал врската.

Да потсетиме, раперот, со вистинско име Шон Комбс, неодамна поднел тужба за клевета вредна 50 милиони долари против Кортни Бургес, маж кој претходно изјавил дека добил видеа од озлогласените забави на Диди. Во тужбата, до која дојде „Пејџ сикс“, се наведува дека обвинетите намерно измислувале и ширеле лажни обвинувања за Диди за финансиска корист, а дека „ЊузНејшн“ ги пренесувал тие тврдења без да провери дали се вистинити.

Слични објави

(Видео) Лила Филиповска сподели среќна вест: Денес чист пет-скен пријатели мои…

Еспресо

(Видео) „За мене е мртов по тој нервен слом“: Милица Тодоровиќ сними брутална порака по раскинувањето

Еспресо

Николина Пишек ja издава вилата вредна 1,7 милиони: Не успеа да ја продаде, а од сумата што ја бара за месечна кирија ќе ве забои глава

Еспресо

Маја Николиќ шокира со признанието: Купив 4.000 картички и го организирав гласањето!

Еспресо

Чипкаст корсет, деколте и гол стомак: Милица Тодоровиќ „загрме“ на настап во провокативно издание

Еспресо

(Фото) Бизарно: Ќерките на Џин Хекман насмеани на појадок еден ден по неговата смрт

Еспресо
Се вчитува....