23:57 - 5 април, 2026

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Српската водителка Бојана Јанковиќ, која беше пронајдена мртва на 19 април во својот стан во Белград, денеска беше погребана на Новите гробишта во Белград. Колегите, пријателите, семејството ја испратија во вечниот одмор.

Семејството и пријателите ѝ пријдоа на сестрата Ивана која не можеше да ги задржи солзите да ѝ изразат сочувство, а сочувство му изразија и на Огњен Јанковиќ, поранешниот сопруг на Бојана.

Голем број колеги покажаа колку ја сакаат Бојана, и колку им била драга. Меѓу нив се Билјана Обрадовиќ, Влада Вуксановиќ, Виктор Савиќ, Душица Јаковљевиќ, Урош Ќертиќ, Тијана Стоисављевиќ, Един Шкориќ и многу други.

Бојана беше испратена со песната „Вива ла вида“, а потресен говор одржа нејзиниот поранешен сопруг.

„Нема начин некој да ја заборави. Нејзините очи, насмевка, убавина што плени… Грижата за најблиските, несебичноста, ти беше единствена, неповторлива. Најдобра пријателка, шемекер, лојална на најблиските, сакана од колеги. Знаеш колку луѓе ни се јавија и зборуваа за тебе, не случајно ти подаруваме малку љубов. Ја сакаше музиката, а уште повеќе сакаше да танцуваш, беше добар танчер. Нè научи многу, а денес нè научи да го победиме стравот. Повеќе не се плашиме од ништо и подготвени сме на сè што следи затоа што не соедини во љубовта. Бојана, Боко, Бокси, сите имавме омилен прекар, многумина те викаа љубов, сестра, тетка, мамо и секогаш ќе се викаш мамо, знаеш тоа. Зад себе остави наследници, Господ да те прегрне за нас, а ние ќе те сакаме засекогаш“, рекол тој.

Фотографиите од погребот на Бојана може да ги погледенте тука.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....