12.8 C
Скопје
16:16 - 23 март, 2026

Почина ѕвездата на сериите „Натприродно“ и „Јас зомби“ на 51 година од рак на дојка

Кери Ен Флеминг, најпозната по своите улоги во серии како „Јас зомби“ и „Натприродно“, почина на 51 година. Нејзиниот претставник изјави за „Пипл“ дека актерката починала во нејзината родна Канада на 26 февруари откако ѝ беше дијагностициран рак на дојка.

– Почина мирно, опкружена со своите најблиски. Беше голема привилегија да ја познавам Кери. Таа беше прекрасна душа, инспиративна и пред сè, љубезна. Многу ќе ни недостига – рекол тој.

Џим Бивер, кој го играше нејзиниот сопруг во „Натприродно“, сподели објава на Фејсбук претходно овој месец, потсетувајќи се како двојката се запознала на снимањето на серијата и се зближиле поради тоа што имале ќерки со исти имиња.

– Таа беше енергична сила, со добра волја и неверојатна добронамерност, со секогаш ентузијастична смеа и прекрасна личност која се чинеше дека нема прекинувач за исклучување – напишал Бивер (75) за актерката.

Причината за смртта е компликации од рак на дојка.

Флеминг својата кариера ја изгради во текот на три децении континуирана работа на малите и големите екрани, а првите чекори во глумата ги направи со појавување во серијата „Вајпер“ и улогата во комедијата „Среќен Гилмор“ со Адам Сандлер.

Од 2005 година, таа се посвети конкретно на жанрот хорор, кога доби улога во антологиската серија „Мајстори на хорор“. Таа го отелотвори ликот на Карен Сингер, сопругата на Боби Сингер, во серијата „Натприродно“ – улога што ѝ донесе големо признание и ја следеше низ сите пет сезони. Беше ангажирана во 2015 година и за натприродната комедија-драма „Јас зомби“, каде што го играше ликот Кенди Бејкер.

Нејзината телевизиска филмографија е исклучително богата и вклучува серии како „Супердевојка“, „Нереално“, „Смолвил“, „Зборот Л“ и многу други. На големото платно, покрај во „Среќен Гилмор“, таа се појави во филмовите „Гоооооооо Чак“ и „Брачен живот“. Таа ја играше и улогата на мајката на Кандис Камерон Бур во ТВ-филмот „Неовластена приказна за полна куќа“.

Позади себе ја остави ќерката Мадалин Роуз.

Слични објави

(Фото) Ден низ неговите очи: Ивона Јо на романтично патување со сопругот

Еспресо

(Фото) Катарина Лазиќ покажа како изгледа денот во семејниот дом по трагедијата

Еспресо

(Видео) Сузана Гавазова: „Јас ја имам главната моќ дома“

Еспресо

Бундите ги чувала во фрижидер, сега ги распродава чевлите! Сека Алексиќ направила „чистка“ на плакарот

Еспресо

Се омажив млада и не сакав да пеам дур не порасне синот: Даниела Темелковска со емотивна приказна

Еспресо

Маја Николиќ го покажа пластичниот веренички прстен: „Не ми требаат дијаманти…“

Еспреси
Се вчитува....