23:10 - 5 април, 2026

Почина словенечката манекенка Леа Плут на 38 години: Му беше девојка на Саша Капетановиќ

Леа Плут, модел и поранешна натпреварувачка на популарното кулинарско шоу „Мастершеф“, почина на 38-годишна возраст, а тажната вест ја соопшти нејзиниот партнер, познатиот фотограф Саша Капетановиќ.
Познатиот фотограф бил со Леа до последен момент.

Саша и Леа беа во љубов 16 години, а колку се сакаа сведочат нивните заеднички објави на социјалната мрежа Инстаграм.

„Љубов моја, чекај ме каде и да си“, напиша потресни зборови Саша Капетановиќ во објавата на Инстаграм заедно со нивните заеднички фотографии и видеа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sasa Kapetanovic (@sasa_kapetanovic)


Леа зад себе остави и две ќерки кои ги доби од големата љубов со Саша.

Кога ја прославувале својата прва деценија љубов, манекенката напишала:

– Зарем веќе? Колку брзо поминува времето кога добро се забавувате. Не сме толку врзани за состаноци, повеќе за спомени. Сепак, мислам дека овој настан ќе го одбележиме со патување – напишала тогаш Леа.

Веста за смртта на младата Леа ги изненади сите во Словенија, а од убавата манекенка преку социјалните мрежи се збогуваат многу познати личности.

На само 20 години, во 2006 година, Леа Плут ја освои титулата словенечки супермодел и ја продолжи својата манекенска кариера. Леа работеше со светски познати брендови, пренесува српски „Телеграф“.

Таа беше љубителка на готвењето, поради што се пријави за третата сезона на популарното шоу за готвење „Мастершеф“ во 2017 година.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....