23:36 - 2 април, 2026

Почина пејачката од „Гранд“ на 48 години, ја изгуби борбата со ракот

Пејачката Јасна Бошњаковиќ, која се прослави со учеството во мизичката емисија „Никогаш не е доцна“, починала синоќа на 48-годишна возраст во Ужице.

Како што пишуваат српските медиуми, пејачката се борела со рак на крајниците, поради кој летово и се оперирала, но состојбата наеднаш ѝ се влошила.

Веста за ненадејната смрт на пејачката ги погоди нејзините колеги натпреварувачи, како и колегите кои со години работеле со Јасна.

Јасна се прослави по учеството во шоуто „Никогаш не е доцна“, за кое се пријавила на 43 години, а пред натпреварот работела на различни работни места.

Последниве години живеела од пеење и најмногу работела во родниот град Ужице.

Таа почна да пее доцна и сосема случајно.

Додека работела во ресторан, на пауза го грабнала микрофонот и оттогаш не го пуштила.

По натпреварот Јасна продолжила да се занимава со музика, а и покрај лошата здравствена состојба не се откажала од пеењето, ниту по операцијата.

– Закрепнувањето оди полека, веројатно ќе бидат потребни седум-осум дена се да се врати во нормален тек. Тешко голтам – изјавила таа за „Гранд“ летоска, додавајќи:

– За еден месец сè треба да се врати во нормала. Што се однесува до пеењето, кога ќе се опоравам и ќе се чувствувам подготвена, ќе пеам. Полека, не се брзам, така ми вели и докторот.

Јасна во интервјуто за српските медиуми признала дека имала тешко детство, но дека никогаш не се откажала и дека вербата ѝ помогнала во најтешките моменти.

– Пораснав во Ужице со родители кои починаа млади. Мајка ми почина кога јас бев седмо одделение, а татко ми кога јас одев во средно училиште. По смртта на мајка ми, татко ми се ожени, па јас и брат ми пораснавме со нашата маќеа – рекла поранешната натпреварувачка и додала дека родителите често ѝ недостасуваат.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....