3.8 C
Скопје
00:07 - 13 март, 2026

Пелоси за состојбата на нејзиниот сопруг по нападот: „Ќе треба многу време…“

Ненси Пелоси вели дека нејзиниот сопруг е на опоравување, но закрепнувањето „ќе биде долго“.

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, изјави дека нејзиниот сопруг Пол, кој претходно беше нападнат, е на опоравување. Ова беше објавено на веб-страницата на претседателот на Претставничкиот дом.

Според политичарката, нејзиниот сопруг „постојано се движи кон закрепнување“, за што, како што појасни, ќе треба „долго време“.

„По ужасниот напад врз Пол рано наутро во петокот, бевме преплавени со илјадници пораки на загриженост, молитви и топли желби“, рече Пелоси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Таа воедно изрази благодарност до јавноста за поддршката.

Претходно, шефот на полициската управа во Сан Франциско, Вилијам Скот, извести дека при нападот на сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, Пол Пелоси, била присутна полицијата.

Според него, полицијата која пристигнала на повик, застанала на прагот од куќата и го видела моментот на нападот. Напаѓачот Дејвид Депепи и Пол Пелоси се обидувале да го одземат чеканот еден од друг. Полицијата им наредила да го фрлат на подот, по што Депепи го грабнал алатот и го удрил Пелоси со најмалку еден удар во главата. Тогаш полицијата го привела напаѓачот, а на Пелоси му била укажана прва помош.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....