4.8 C
Скопје
20:00 - 25 декември, 2024

Ова се најскапите свадби на српската естрада: Милиони евра, лимузини, специјалиети и светски креации

За луксузните свадби на јавните личности од регионот се зборува со години, а ова се едни од најскапите прослави.

Многу забавувачи не штедеа трошоци за нивниот посебен ден, а нивните венчавки се паметат со години.

Слоба и Јелена

Пејачот Слоба Радановиќ и неговата сопруга Јелена Радановиќ направија гала венчавка во нивниот ресторан две години по нивната црковна венчавка.

Во исто време тие направија граѓанска венчавка и прв роденден на синот Дамјан, а се зборуваше дека прославата ги чинела околу 70.000 евра.

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ имаа свадба за која се зборува со децении.

Свадбата е организирана на 7 декември 1991 година во хотелот „Интерконтинентал“. Двојката имаше околу 600 гости, Брена носеше грандиозна венчаница, а на гостите им беше послужена торта украсена со грамофонски плочи. Тогаш дури и вториот Дневник на тогашната белградска телевизија беше директно вклучен во преносот на венчавката, а снимките од прославата беа продадени во неколку десетици илјади примероци. Церемонијата чинеше околу 50.000 германски марки.

Дара Бубамара и Милан Кесиќ

Пејачката Дара Бубамара и бизнисменот Милан Кесиќ се венчаа во 2008 година во Нови Сад, а на свадбената прослава имаше околу 600 гости.

Невестата носеше уникатна венчаница создадена од познатиот либански дизајнер Ели Сааб, имаше накит од 4 различни видови злато, а на гостите им беше послужена торта од 80 килограми. Прославата чинеше околу 120.000 евра.

Новак и Јелена Ѓоковиќ

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се венчаа во 2014 година во Црна Гора на Свети Стефан, а прославата траеше неколку дена.

Вечерта на првиот ден беше организирана забава за добредојде во ресторанот Агора; свадбената церемонија се одржа следниот ден на плажата на кралицата; црковната венчавка се одржа во манастирот Прашквица, неколку дена подоцна. Гостите на располагање имале лимузина која го чинела 15.000 евра. На сите гости им беше обезбедено ноќевање во најексклузивните капацитети, хотел Маестрал и Аман ресорт, како и повратни авионски билети. Всушност, Ѓоковиќ го закупил целиот остров Свети Стефан, поточно сите станови и соби на него.

За музичката програма беа задолжени Милица Тодоровиќ, Лена Ковачевиќ, Мирослав Илиќ и Жељко Самарџиќ, придружувани од два врвни бенда. Менито вклучуваше различни посни и рибни специјалитети, како и пршута и јагнешко месо. Ова беше убедливо најскапата свадба на Балканот, за која, според пишувањата на медиумите, се издвоени неверојатни 2.500.000 евра.

Вељко и Богдана Ражнатовиќ

Синот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ, се ожени во 2019 година, а тој и неговата сопруга Богдана приредија прослава за околу 500 гости. Прославата се одржа во луксузен хотел каде гостите уживаа во најскапото мени кое чини 75 евра по лице.

Менито вклучуваше секакви пијалоци, домашни и странски, а кога станува збор за храната, гостите имаа сѐ, од тартар до стек, кралска салата на готвачот Рудолф, лосос со кокосово млеко до патка прекриена со сос од боровинки.

Невестата на својата свадба донесе венчаница стара 24 години што ја носела Цеца Ражнатовиќ. Според проценките, младата брачна двојка на Ражнатовиќ по венчавката била побогата за 100.000 евра, колку што добиле во пликови од гостите.

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ

Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ го кажаа судбоносното „да“ во 2018 година пред повеќе од 900 гости. Кум на Алекснадра на свадбата ѝ беше пејачот Ацо Пејовиќ, додека кум на Филип беше кошаркарот Милош Теодосиќ.

На венчавката присуствувале голем број познати личности, а се зборувало дека за венчавката потрошиле 400.000 евра.

Слични објави

(Фото) Адам Лабунски објави слики со ќерката Хана: „Моето мало девојче“

Еспресо

(Фото) Се стегна во зимско одело: Јована Јеремиќ скија со дијамантскиот прстен на рака, ја диктира модата и на снег

Еспресо

Интервју со д-р Дејан Ставриќ, пионер на фако хирургијата во Македонија: Катарактата спаѓа во најуспешните и најбезбедни оперативни методи

Еспресо

(Видео) Вељко Ражнатовиќ на Копаоник со поранешната: Сè „пука“ од романтика, тој ја бакнува Богдана, таа го бакнува српскиот фудбалер

Еспресо

(Видео) Јосипа Лисац им го честита Божиќ на сите

Еспресо

„Ѓани ме изневери!“: Слаѓа призна дека му ја простила прељубата на фолкерот, ги откри сите детали

Еспресо
Се вчитува....