7.8 C
Скопје
09:06 - 31 март, 2026

Отсранети цвеќињата од гробот на Метју Пери: Погледнете како изгледа неговото вечно почивалиште

Метју Пери е погребан покрај некои од најголемите ѕвезди во Холивуд – но се чини дека неговите најблиски за сега сакаат да ја задржат во тајност точната локација на неговиот гроб.

„ТМЗ“ дозна каде е погребната парцела на покојната ѕвезда од „Пријатели“ на гробиштата Форест Лаун во Холивуд Хилс каде што неговите поранешни соработници и членовите на семејството се собраа минатата недела за да му оддадат почит за време на интимен погреб. На неговиот гроб тој ден беше положено цвеќе кое вчера било отстрането.

Цвеќињата се отстранети за да се спречи собирање на јавноста на гробот на Метју Пери. Познатиот актер почива покрај великаните на Холивуд, но се чини дека неговото семејство сака точната локација засега да се чува во тајност, односно сѐ уште не се подготвени јавноста да се собере на локацијата каде почива холивудската ѕвезда.

„ТМЗ“ известува дека Метју Пери бил погребан во Светилиштето на скапоцената љубов, приватен дел од гробиштата кој е затворен и изолиран. Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.

Причината за приватноста секако е во тоа што Метју Пери е погребан покрај Кери Фишер, Деби Рејнолдс, Мајкл Кларк Данкан и Рони Џејмс Ди. До понеделникот имало огромен цветен аранжман на неговиот гроб, кој во меѓувреме бил отстранет. Гробницата на Метју Пери допрва треба да биде официјално означена, но надгробните плочи обично се завршуваат и се поставуваат подоцна.

Метју Пери почина на 28 октомври во Лос Анџелес. Тој бил пронајден мртов во неговото џакузи. Причината за смртта на познатиот актер ќе биде објавена по сите токсиколошки анализи.

Слични објави

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova
Се вчитува....