20:05 - 5 април, 2026

Откриено колку заработила Александра Пријовиќ од концертите во Загреб

Српската пејачка Александра Пријовиќ (28) стана рекордерка со пет концерти за шест дена во загрепската Арена. Во тој период низ Арената продефилираа околу 90.000 луѓе.

Иако Арената за концерти собира 22.000 луѓе, на концертите на Александра имало 150 бар-маси, со што тој број се намалил на околу 18.000.

Пријовиќ од продадените билети за пет концерти во Загреб инкасирала дури 2 милиони и 780.000 евра, пренесува „24сата.хр“.

Од тоа треба да се одбијат трошоците како изнајмување на Арената, сценографија, светла, бенд, стилист, шминкер, фризер, менаџер, играчи, но и штофли. Како што претходно објавивме, Пријовиќ во Загреб носела работи од над 84.000 евра!

На концертите доаѓаа од сите страни – од Германија, Словенија, Австрија, Босна и Херцеговина, сите делови на Хрватска, а повеќето од нив го организираа превозот навреме.

Како што се пренесува сопствениците на такси компанијата профитирале, земајќи и по 4.000 евра. Превозниците им понудија на луѓето одлична понуда – да ги земат на домашна адреса, да ги однесат во Арена, а потоа оттаму да се вратат дома. Цената? 50 евра по лице.

И, келнерите се задоволни од бакшишот . Вечерта работеа 180 келнери, а најпорачано пиво беше вискито и џинот. Од лично искуство келнерите потврдуваат дека сите оставале бакшиш.

Кога се ќе се соберат и одземат заработката и давачките, според медиумите Прија заработила околу 2,5 милиони евра.

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....