05:19 - 3 април, 2026

Осудена кумата на Лепа Брена: „Кралицата на естрадната автомобилска мафија“ оди во затвор

Татјана Миоковиќ, кумата на Лепа Брена, таканаречената „кралица на естрадната автомобилска мафија“, која беше обвинета од Јавното обвинителство за организиран криминал во Белград дека таа и нејзиниот невенчан сопруг Зоран Јанковиќ и уште шестмина обвинети учествувале во трговијата со скапи автомобили што биле украдени во странство, осудена е пред Специјалното одделение на Вишиот суд во Белград на две години и два месеци затвор, како и парична казна од 300.000 динари.

Нејзиниот невенчан сопруг Зоран Јанковиќ е осуден на шест години и шест месеци затвор, како и парична казна од еден милион динари. Како што потврдиле за српски „Курир“ од Јавното обвинителство за организиран криминал, на повеќегодишна затворска казна се осудени и останатите обвинети опфатени во обвинителниот акт.

Обвинетиот Милан Јариќ е осуден на три години и осум месеци затвор, како и парична казна од 400.000 динари, Бошко Тарајиќ на пет години и четири месеци затвор и парична казна од половина милион динари, Золтан Молнар на две години и четири месеци затвор и парична казна од 100.000 динари, Младен Мишчевиќ и Иван Ќириќ на три години и шест месеци затвор и парична казна од по 300.000 динари, а Горан Ловриќ на три години затвор и парична казна од 100.000 динари.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....