28.6 C
Скопје
21:05 - 6 август, 2026

„Останав сосема сама и болна, го изгубивме станот во Сплит“: Ава Карабатиќ, очајна и тажна, упати јавен апел за помош

Таткото на хрватската старлета и риалити учесничка Ава Карабатиќ, Ивица Карабатиќ, починал синоќа на 59-годишна возраст од срцев удар во Белград, а лекарите се обиделе со реанимација дури 30 пати.

Скршена од болка поради губењето на својот родител кој ѝ бил поддршка и потпора, Ава се огласи на социјалните мрежи. Карабатиќ не крие дека ѝ е тешко, дека е на лекови, но и дека се соочува со големи финансиски тешкотии.

„Не е тајна дека бевме во тешка ситуација во последните месеци – банкротиравме, го изгубивме станот во Сплит, останавме без дом, без безбедност, без поддршка. Во Белград најдовме привремено засолниште кај пријател кој великодушно ни ја отвори вратата од својот скромен стан. Сега останав сосема сама и болна. Веќе немам никого од моето семејство“, напишала Ава на Инстаграм, а потоа додала:

„Пред мене е голем предизвик – морам да го организирам транспортот на телото до Сплит и да ги покријам трошоците за транспорт и погреб. Тоа не можам сама да го направам, и не знам што да правам, се чувствувам ужасно. Од вчера пијам таблети за смирување, бидејќи не знам што би направила. Ако сакате да помогнете, ќе ви бидам многу благодарна. Секој гест, секое евро или порака со поддршка во ова тешко време значи повеќе отколку што можам да изразам со зборови. Ако чувствувате потреба да помогнете, испратете помош на сметката на мојот пријател, бидејќи банката ми ги блокираше сите мои сметки“, апелирала Карабатиќ.

Да потсетиме, таткото на Ава Карабатиќ, Ивица Карабатиќ, долго време се борел со срцеви проблеми, односно со хронична кардиоваскуларна болест – срцева слабост. Поради оваа причина, во септември 2024 година, тој бил хоспитализиран во тешка состојба.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут во светкаво бикини блесна како морска сирена

Еспресо

„Девојката работи во неговите пекарници, прави бурек“: Јована Јеремиќ се огласи за поранешниот Драган и свршувачката

Еспресо

„Огњен нема деца од првиот брак, има син од вториот брак“: Изјавата на сопругата на Амиџиќ ги збуни сите

Еспресо

Ова е бизнисменот со кого Милица Тодоровиќ доби син?

Е.А.

Јаков Јозиновиќ апелираше до публиката да престане да фрла мобилни телефони на сцената

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац позираше како балерина и им испрати моќна порака на жените: „Живејте според вашите стандарди“

Еспресо
Се вчитува....