6.8 C
Скопје
09:16 - 1 април, 2026

Осомничената за убиство на Дугина заминала во Европа како бегалка, претходно служела во војската на Украина

Наводниот сопруг на Наталија Вовк, која е осомничена дека го разнела автомобилот на новинарката и политиколог Дарја Дугина, Андреј Вовк, пред четири години бил вклучен во базата на податоци на украинската веб-страница Peacemaker, пренесува „Московски комсомолец“, повикувајќи се на украинските медиуми.

Наводниот сопруг бил пронајден на „Писмејкер“ (Миротворец) како „организатор на референдумот на ДПР“ во 2014 година во Мариупол. Сè уште руските сужби за безбедност не можат да  воспостават врска помеѓу Андреј и Наталија.

Претходно таткото на Наталија Вовк изјави дека неговата ќерка неодамна заминала во Европа како бегалец, но набрзо се вратила.

Наводно, Вовк престојувала во Франција, но таму не ѝ се допаднало. Потоа се преселила во Полска, а потоа дошла во својата татковина. Таткото на Вовк изјавил дека таа претходно служела во Вооружените сили на Украина, од каде дала оставка поради здравствени причини

На 22 август, ФСБ на Руската Федерација ја обвини украинската државјанка Наталија Вовк за убиство на ќерката на Александар Дугин, Дарја Дугина која почина на 20 август, во експлозија со нејзниот автомобил. Истражниот комитет на Руската Федерација сугерираше дека во автомобилот била поставена експлозивна направа, а самиот инцидент се случил по нарачка.

 

 

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....