10.8 C
Скопје
11:09 - 27 октомври, 2026

Одиме на море! Невролозите докажаа дека на човечкото тело му се неоходни 10 дена на море

Колку често слушате како луѓето околу вас велат: „Ми треба толку многу да го осетам мирисот на морето, да ја видам сината вода!“

Научниците потврдија дека морето не прави порелаксирани, па дури и ја менува хемијата на нашето тело.

Луѓето отсекогаш биле свесни за придобивките од морската вода. Дури и лекарите од 18 век спроведувале терапија со инструкции на луѓето да пливаат во морето. Поволното дејство на морето врз човечкото тело е откриено многу одамна, а сега неврологот Мајкл Мерзенич го потврдува тоа.

1. Морето целосно ги одмора нашето тело и мозок

Откриено е дека морските звуци стимулираат област од мозокот наречена префронтален кортекс, која е одговорна за нашите емоции и лични рефлексии. Звуците на морето ја подобруваат самосвесноста и емоционалната благосостојба.
Брановите му помагаат на нашето тело да ги исфрли негативните јони, а телото апсорбира повеќе кислород и го регулира нивото на серотонин, супстанција која ја контролира анксиозноста. На крајот стануваме смирени, како после јога или психотерапија.

2. Звукот на морето го намалува стресот

Бучавата што ја емитуваат брановите го намалува нивото на кортизол, хормонот на стресот и придонесува за смиреност. Тој звук најмногу не потсетува на оној што сме го слушнале кога сме биле во утробата на нашите мајки. Затоа на море се чувствуваме сигурни и среќни.

3. Погледот на морето придонесува за чувството на сигурност

„Кога гледаме во морето или кога сме покрај брегот, се наоѓаме во предвидлива и стабилна средина“, вели неврологот Мајкл Мерзенич. Тој објасни дека се чувствуваме безбедно кога сме на места без закани, како што е морето. Површината на водата која се губи на хоризонтот пренесува чувство на стабилност и сигурност на нашиот мозок.

4. Сончањето ослободува ендорфин

Истражувањата покажале дека кога се сончаме на плажа, топлината влијае на нашиот ендокрин систем, кој е одговорен за ослободување на ендорфин.

Слични објави

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.
Се вчитува....