05:14 - 8 април, 2026

Обама: „Одлуката на Врховниот суд е напад на суштинските слободи“ на милиони жени кои се скратени од право на абортус

Правото на абортус повеќе не постои во САД, не на федерално ниво. Врховниот суд ја укина историската пресуда „Roe vs. Wade„ од 1973 година со која се легализираше правото на прекинување на бременоста. Поединечните држави сега се слободни да ги применуваат локалните закони за ова прашање и повеќето се апсолутно рестриктивни.

„За жал, милиони жени денес ја загубија основната уставна заштита. Ние не се согласуваме“, изјавија тројцата либерални судии Соња Сотомајор, Елена Каган и Стивен Брејер, кои гласаа против одлуката. Останатите шест судии гласаа за, од кои тројца беа назначени од поранешниот претседател Доналд Трамп.

– Одлуката на Врховниот суд за абортус е напад на „суштинските слободи“ на милиони Американци. Ова е наведено во твитот на поранешниот претседател Барак Обама, нагласувајќи дека Судот не само што ги укина судските преседани кои траеја речиси 50 години, туку „ја префрли најинтензивната лична одлука што може да се преземе на каприците на политичарите и идеолозите.”

 

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....