21.8 C
Скопје
18:12 - 5 април, 2026

Новости од Клиника „Жан Митрев“: За еден ден му беа извршени сите потребни прегледи

Пациент од Либија дојде специјално во Скопје, во Клиника „Жан Митрев“ за да ги изврши потребните специјалистички прегледи.

На Идрис Ал Сенуси од Либија за само еден ден му беа извршени десетина прегледи и тој задоволно ја напушти клиниката, заблагодарувајќи му се на целиот персонал.

На Ал Сенуси му беа извршени дерматолошки, стоматолошки, офталмолошки, ендокринолошки, кардиоваскуларни, пулмолошки прегледи како и ултразвук на абдомен. Тој, по сите завршени испитувања, изјави дека се чувствувал како да престојува во хотел, а не во болница.

„Тука ја имате сета удобност што можете да ја замислите. Овде се чувствувате како да престојувате во хотел, во ресорт, во спа. Се надевам дека и во мојата земја Либија што е можно поскоро ќе имаме ваква институција“, рече Ал Сенуси, додавајќи дека во меѓувреме ќе ја препорачува Kлиниката „Жан Митрев“ на сите свои пријатели и сограѓани.

Клиника „Жан Митрев“ со проширувањето на дејностите, воведувањето нови хируршки и терапевтски интервенции и нови стандарди во здравствената практика во земјава, постојано привлекува пациенти од најразлични делови од светот да доаѓаат во клиниката за да ги извршуваат потребните интервенции и дијагностички прегледи.

Животот е песна кога сте здрави

Г-дин Миомир Тасиќ поранешен оперски пејач, пациент во Клиника „Жан Митрев“, не престанува со пеење. Тој кон крајот на годината беше успешно опериран од тимот кардиохирурзи предводен од д-р Митрев.

По санирањето на срцевиот проблем, веќе неколку месеци е дома каде целосно се опоравува. За неговите впечатоци погледнете повеќе од видеото.

Фото: Промо

 

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете навреме термин или консултација на тел. 02 3091 484.

(Комерцијален текст)

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.

(Видео) Жешкиот танц на Теа Таировиќ ја „полуде“ публиката: Скокајќи боса на сцената, а потоа во костум со реси, ги затресе колковите

Еспресо
Се вчитува....