07:36 - 16 јануари, 2026

Ни доаѓа убавина во Скопје: Бранко Росиќ со промоција на романот „Доаѓањето на матадорот“

Бранко Росиќ во Скопје го промовира романот „Доаѓањето на матадорот“, настан на кој би сакале да ве видиме. Во биографијата на Росиќ еден детал блеска со посебен сјај. Тоа е медалот на Британската империја, добиен лично од кралицата Елизабета Втора, за промовирање и подобрување на културните врски меѓу Британија и Србија.

Во организација на Српскиот културно информативен центар СПОНА, на 14-ти септември (среда), во кафе-книжарницата „Буква“ (со почеток во 19 часот), белградскиот писател, новинар и музичар Бранко Росиќ ќе го промовира својот трет роман „Доаѓањето на матадорот“, објавен летово во издание на издавачката куќа „Лагуна“ од Белград.

– За „Матадорот“ една од хероините ја најдов на улица. Шетав низ градот Руан во Нормандија, и здогледав една убава питачка која беше толку убава што во секој момент комотно можеше да стане и да оди на некоја модна ревија. Се прашував што ја натерало една толку убава и млада девојка да капитулира и да се предаде на питачењето и на животот на бездомник. На стотина метри од таму било местото каде што жива била запалена Јованка Орлеанка. Зад аголот имаше големи демонстрации на „жолти елеци“…

И почнав да замислувам… Од таа бездомничка направив нова Јованка Орлеанка која ја тресе Европа, и на крај неа и нејзиното момче ги јаде самата револуција, што тие ја предизвикаа. Тоа е само дел од приказната… – вели Росиќ зборувајќи за својот најнов роман.

Секако, актуелниот роман „Доаѓањето на матадорот“ не е единствената причина СПОНА да го покани и одомаќини Бранко Росиќ во Скопје, а тој од срце ја прифатил поканата.

Во биографијата на Росиќ еден детал блеска со посебен сјај. Тоа е медалот на Британската империја, добиен лично од кралицата Елизабета Втора, за промовирање и подобрување на културните врски меѓу Британија и Србија.

На промоцијата во „Буква“, која ќе ја води новинарот Иван Беќковиќ, освен за актуелниот роман на Росиќ, ќе се зборува и за неговите претходни книги, а посетителите бесплатно ќе добијат и примерок од магазинот „Недељник“, кој Бранко го уредува.

На промоцијата ќе бидат претставени и содржините кои се најдоа во актуелниот број на „Слово“, гласилото на СПОНА, двомесечник кој ги следи културните активности на Србите во Македонија.

Во случај временските прилики да оневозможат одржување промоција на отворено во „Буква“, алтернативен простор е во просториите на КИЦ СПОНА, ист ден, во исто време.

фото: Небојша Бабиќ

Слични објави

(Фото) Луна Ѓоѓани ги покажа силиконските гради: Позира во едноставна маичка, а сите гледаат во нејзиното бујно деколте

Еспресо

„Горе во станот ми се двете ќерки“: Прво обраќање на Чеда Јовановиќ по доаѓањето на полицијата и извршителите

E.A.

Две недели по свршувачката, „пукна тиквата“: Ава Карабатиќ откри дека раскинала со момчето

E.A.

Српскиот пејач пеел на свадба од 3.000.000 евра! ​​Открил голема тајна: „Реткост се богати свадби во Србија“

Еспресо

(Фото) Јелена Томашевиќ сподели среќна вест: Денеска е посебна повод за прослава на најхармоничната двојка

Еспресо

Рада Манојловиќ и Катарина Грујиќ се скараа поради овој маж: Пејачките со години во војна, конечно откриена вистинската причина

Еспресо
Се вчитува....