5.8 C
Скопје
13:16 - 21 февруари, 2026

Не е сè кажано: Доаѓаат нови документарци за принцезата Дијана кои „радикално ќе ја променат монархијата“

Режисерот кој во 2017 година во документарецот насловен „Diana in her own words” ги монтирал извадоците од нејзиниот разговор со еден од најстарите пријатели на принцезата, Џејмс Колтурст, подготвува два нови документарни филма за Дијана, но и за Чарлс. Станува збор за наградениот со „Еми“ америкснаки режисер, Том Џенингс. Неодамна самиот се изјасни дека во минатиот докуемнатрец не објавил се за трагично загинатата принцеза.

– Имаме уште шест часа снимки – рече режисерот на телевизискиот фестивал во Монте Карло. Се работи, имено, за разговори кои Џејмс Котурст во 1991 година ги водел до Дијана, по нејзина желба, во палатата Кенсингтон, додека се распаѓал нејзиниот брак со Чарлс, пренесува Дејли меил.

Режисерот подготвува уште поотворени документарци, еден за Дијана, а вториот за нејзиниот поранешен сопруг, кралот Чарлс Трети, а најавено е дека овие документарни филмови би можеле „радикално да ја променат монархијата“.

Неговиот проект за Дијана ќе ја опфати нејзината врска со членовите на нејзиното семејство – вклучувајќи ја и нејзината маќеа, втората сопруга на нејзиниот татко, Рајна Спенсер, ќерката на романсиерката Барбара Картланд. Отпрвин не се согласувале, но подоцна маќеата стана една од најблиските пријателки на принцезата.

Но, вториот проект на Џенингс за кралот Чарлс може да осветли нова приказна за Дијана и нејзиниот однос со членовите на англиското кралско семејство.

– Најдовме неверојатни снимки од тогашниот принц од Велс, а сегашен крал“, објаснува режисерот, додавајќи дека со месеци „копал“, како што вели, по долгите километри филмски материјал. Особено му се допаднале снимките во кој идниот крал „се бори“ со гајдите. Вели дека урнебесниот дел го потсетил на Монти Пајтон.

Проучувајќи го ликот и делото на Чарлс Трети, тој е уверен дека може значително да ја промени монархијата.

– Го гледам како мост меѓу минатото, каде што е неговата мајка, покојната кралица Елизабета Втора, и иднината, каде што е Вилијам“, рече режисерот, кој верува дека возбудливи промени се пред британската монархија. „Не би ме изненадило да го видам кралот на Англија како држи политички говор за пет години“, заклучил Том Џенингс.

Слични објави

Јована Јеремиќ забранета во Црна Гора, водителката веднаш се огласи

Еспресо

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо
Се вчитува....