12:50 - 3 април, 2026

Не е евтино: Пејачката Милица Павловиќ откри што си купила за 33. роденден

Српската пејачка Милица Павловиќ на 11 август наполни 33 години, а во оваа прилика прослави во еден познат белградски хотел. Славеничката беше одлично расположена, а меѓу гостите кои ја разубавија нејзината прослава беа видени Јелена Карлеуша, Ана Кокиќ, Жика Јакшиќ, Драгана Миќаловиќ и Драгана Џајиќ.

Милица откри дека има четири закажани концерти, а за локалните медиуми раскажала дека на прославата дошла директно од настап. Меѓу другото згодната пејачка открила што си купила како подарок за 33. роденден.

„Дојдов директно од настап, порано, нема смисла гостите да дојдат, а јас не сум тука, роденденската девојка ја нема! Мојата голема желба е да ја скратам косата, но никогаш немав храброст, па си купив перика кога најдов добра, се фотографиравме утрово, сега ќе бидам со подолга коса, еднаш ме советуваше Марина Туцаковиќ да имам долга коса, дека луѓето на Балканот сакаат жени со подолга коса“, вели Милица.

„Нема прослава која може да биде прескапа! Не сакам да им ставам цена на моите пријатели. Секогаш се трудам да си поминам убаво. Се почестив со комплет накит“, додала пејачката.

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо
Се вчитува....