8.8 C
Скопје
10:01 - 31 март, 2026

На трансродовата Србинка лекарите ѝ ги споија силиконите: Денес има 80 килограми помалку и е непрепознатлива

Трансродовата инфлуенсерка Кики Николиќ повторно го привлече вниманието на јавноста со својата најнова објава на Инстаграм. Таа неодамна направила операција на градите, но, како што тврди, не е задоволна од резултатот, бидејќи, според нејзините зборови, лекарите ѝ ги вградиле силиконите на погрешен начин.

Кики објавила фотографии на кои позира во црна облека со длабоко деколте, над која носи кафеаво бунда. Нејзините следбеници веднаш реагирале, а еден од коментарите што се издвоил бил:

„Што се тие споени гради?“

Да потсетиме, Кики Николиќ и претходно отворено зборуваше за своето незадоволство од изгледот на градите:

„Не знам зошто лекарите не направија поголемо растојание меѓу градите. Дали тоа го направија намерно или по грешка – немам поим. Искрено, градите не ми се допаѓаат, но што да правам, морам да живеам со тоа. Мислам дека за месец-два ќе одам повторно да ги поправам. Потоа ќе правам затегање на кожата. Ќе оперирам нос, ќе направам лифтинг на лице. Сето тоа ќе го финансирам сама, како и досега. Сè имаат тие, ама ништо не е мое. ОСЛАБЕВ ПОВЕЌЕ ОД 80 КИЛОГРАМИ. ИМАВ 202 КИЛОГРАМИ. Имам големи гради, голема задница – сè што мажите сакаат“, рече Кики низ насмевка.

Слични објави

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо
Се вчитува....