10:25 - 7 април, 2026

На што се должи веројатното самоубиство на Ли Сун-кјун: Тежок бил викендот за актерот од „Паразит“

Јужнокорејскиот актер Ли Сун-кјун (48), најпознат по улогата во филмот „Паразит“, награден со Оскар, е пронајден мртов во својот автомоби бо парк во центарот на Сеул, објавија странските медиуми. Според досегашните наводи станува збор за самоубиство. Но на што се должи смртта на популарниот актер?

Имено, Ли Сун-кјун, како што известиваат странските медиуми имал многу стресен викенд. Од полициската станица се вратил дома во неделата по цели 19 часа испрашување за наводите за употреба на дрога.

Метрополитенската полициска агенција Инчеон го испрашувала Ли до 5 часот наутро во недела, во врска со сомневањата дека користел марихуана и психотропни дроги, кои се контролирани супстанци во Кореја.

Во изјавата за новинарите по сослушувањето, Ли рекол дека на полицијата им било потребно повеќе време бидејќи бил сослушан како осомничен за наводна употреба на дрога, но и како обвинет за случај со уцена, во кој поднел жалба против две лица.

Ли во неделата, односно само три дена пред смртта, нагласил дека се надева дека полицијата мудро ќе утврди кои изјави се поверодостојни – дали неговите или на уценувачите.

Ли се појавил двапати претходно на сослушување во полиција на 28 октомври и на 4 ноември.

Слични објави

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо
Се вчитува....