11:52 - 5 декември, 2025

(Фото) На неа само скапи брендови: Дара Бубамара „облече“ 32.000 евра за на плажа!

Пејачката Дара Бубамара моментално одмара во Турција во еден од најскапите хотели, а посебно внимание привлекува нејзиниот стајлинг. Таа често објавува фотографии од море и покажува како го поминува времето, а само еден од нејзинте стајлинзи на плажа вреди 32.250 евра.

На фотографиите кои ги објави, а на кои позира во жолт костим за капење, носеше часовник „Ролекс“ од 30.000 евра, чанта за плажа „Селин“ од 1.450 евра, како и папучи од Луј Витон од 800 евра.

Како што дознава „Блиц“, Дара престојувала во хотел во Турција кој нуди целосна приватност и затоа е сакан од многу светски ѕвезди.

– Влезот во хотелот е далеку од самата зграда, бидејќи прво одат дрворедите и големите насади, па дури потоа одморалиштето. Од сите други страни може да се пристапи само од морето. Дара одамна го купила еден од најпространите станови, кој е 150 квадрати и чини вистинско мало богатство. Цените не се достапни на веб-страницата, но се проценува дека ноќта е неколку илјади евра, а во таа цена е вклучено и се. Станот има огромна спална соба во која има џакузи и сауна, има базен на тераса. Пространата бања и дневната соба даваат можност да уживате во секој агол од луксузниот мебел, иако реално, луѓето на одмор минуваат најмалку време во станот. Но, сите знаеме дека Дара го сака луксузот, па ќе остави и последните пари целосно да ужива – вели извор кој случајно се нашол на истото место и додал:

– Ја видовме на плажа, беше со синот. На себе имаше неколку десетици илјади евра само во чанта за плажа Шанел и влечки од Луј Витон. Не ги забележав брендовите на останатите, но се гледа дека сака да троши. Во ова одморалиште престојуваат многу богати луѓе, па никој не се изненади што троши толку многу пари.

Слични објави

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо
Се вчитува....