7.8 C
Скопје
10:14 - 1 април, 2026

На денешен ден пред 14 години, Луис трагично го загуби животот: Остави зад себе шест деца и многу хитови, а прекарот што го направи славен го добил по еден уште пославен музичар

Познатиот музичар Љубиша Стојановиќ Луис трагично го загуби животот на денешен ден, 31 јули 2011 година.

Роден е на 25 јуни 1952 година во Лесковац, а прекарот Луис го добил на деветгодишна возраст, поради неговите успешни интерпретации на песните на Луис Армстронг.
Беше меѓу првите што го споиле џезот со српскиот фолклор.

Со првата сопруга добиле син, по што следела голема трагедија.

„Не сум личност што може да се врзе за едно место. Таа мислеше дека треба да бидам просветен работник, а не музичар, и затоа ме остави во 1979 година кога бев во војска. Кога избувна војната во Словенија, таа се самоуби“, се присети своевремено Луис за „Story.rs“.

Иако не планирал повторно да се жени, ја запознал Дубравка, на која ѝ посвети една од неговите најпознати песни – „Дудо“. ГИ добиле синот Марко и ќерката Маја, кои тргнале по стапките на нивниот татко.

„Можам да кажам дека кон музиката чувствуваше речиси иста љубов како и кон семејството. Таа, едноставно, беше дел од него и од неговиот живот. Ако за некого има многу да се зборува, тоа е тато. Има многу спомени кои никогаш нема да бидат заборавени. Покрај музиката и сè што направи, има и разни авантури кои сите што го познаваа ги преживеале со него. Тој секогаш ќе биде тука, нема да исчезне“, рече таа за „Pink.rs“.

Третата сопруга Силвана ја запознал случајно, кога таа дошла во неговото студио со пријателка. Оваа љубов му донела уште три деца, Сергеј, Андреј и Ела Мита.

Луис трагично загина во сообраќајна несреќа на 31 јули 2011 година во Фекетиќ, а беше погребан на 4 август на гробиштата „Збег“ во Борча. Својот последен настап го одржа на 22 јули истата година во клубот „Јеж“ во Сараево.

 

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....