10.8 C
Скопје
20:55 - 23 март, 2026

На 14 февруари 2025 година: Милица Павловиќ за „Денот на вљубените“, со голем концерт во С.Ц. „Јане Сандански“- Скопје 

Спектакуларната турнеја насловена „ЛАВ“ на регионалната музичка ѕвезда и една од најпопуларните пејачки на Балканот, Милица Павловиќ, започна со голем концерт во белградската Арена, по што одржа уште два подеднакво спектакуларни концерти во Нови Сад и Загреб.

Секси Сенорита во изминатите дванаесет години ни покажа дека е можно да се постигнат исклучителни резултати и да се направи одлична кариера единствено и само благодарение на добрите песни, настапите и нејзината работа. Максималната посветеност на кариерата, беспрекорниот имиџ и големите хитови и ја обезбедија титулата најпопуларна пејачка од помладата генерација.

Сите овие години се трудеше на публиката да ѝ го даде најдоброто на секое поле, а е позната и како врвен изведувач, нема сомнеж дека нејзините фанови на 14 февруари 2025  година за „Денот на вљубените“, во С.Ц. „Јане Сандански“ во Скопје ќе имаат можност да уживаат во концертна експлозија од неверојатна енергија и апсолутен аудио-визуелен спектакл кој веќе го освои целиот регион. Неверојатна тричасовна програмата, преточена во нејзините хитови, танцот, емоциите, драмата, забавата со кои Милица Павловиќ ќе ви подари една незаборавна ноќ.

Нејзините најголеми хитови како: „Танго“, „Секси сенорита“, „Љуби, Љуби“, „Богиња“, „Могла сам“, „Оперисан од Љубави“, „Еј жено“, „Тако ми и треба“, „Кидаш ме“, „Око моје“, „Шеќеру“, „Проверено“, „Посесивна бивша“, „Лов“, „Кучкетина“… како  и песните од новото ЕП: „Таа носи Прада“, „Прости“ и „Господи мој“ ќе ја обележат вечерта во која љубовта и емоциите ќе се измешаат со доброто расположении и беспрекорната концертна журка.

Милица Павловиќ на 14 февруари 2025 година во С.Ц. „Јане Сандански“ во Скопје на голем концерт во живо како дел од спектакуларната регионална турнеја „Лав“!
Резервации на: 078/570 470.  Влезници на: karti.com.mk

Слични објави

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.

Дара Бубамара првпат нема да биде дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Откриено кој ќе ја замени 

Еспресо

Зошто Азис му го сврте грбот на својот „творец“ Бони?

E.A.

(Видео) Хаусер свиреше руска песна на Инстаграм, па му ги откажаа сите концерти во балтичките земји

Еспресо

Верица Ракочевиќ денес полни 78 години! Сопругот Вељко ѝ честиташе јавно: „Уште долго пркоси му на времето“

Еспресо

(Фото) Баба од соништата: Сава, сопругата на Лозано, ја покажа мајка си со посебен повод

apostolova
Се вчитува....