21:29 - 5 април, 2026

МОРА ДА ЈА ЗГОТВИТЕ САРМАТА НА ФИЛЕ: Еве зошто мојата сарма е најубава и највкусна во нашиот универзум!

Познатиот спортски новинар и коментатор Игор Филевски – Филе, кој повеќе од една деценија е излезен од Македонија, а веќе шест-седум години живее на Малта, ни открива рецепт за совршена сарма.
– Ајде сега “чичо” да ви ја открие тајната зошто мојата сарма е најубава и највкусна во нашиот Универзум. Имам досега пробано многу убави, прекрасни сарми, но само една е ваква, интергалактички совршена – пишува Филе на својот Фејсбук профил и влетува во детална „анализа“.
Значи, каде најчесто грешите:
– Меленото месо мора да биде 60:40 свинско/телешко.
– Месото мора да биде многу добро пропржено, додека да биде испарена сета течност од него. Сета!
– Еден зрел домат внатре, излупен и многу ситно исечкан.
– Еден морков, исто така многу ситно исечкан, пред да се стави и оризот, за да добие компакност, да не ви се направат тутки од месото и оризот .
– Не ставате еден прстофат ситно сечкан босилок, нели? Епа, треба.
– Најодозгора се покрива прво со пршута, па со листови зелка.
– Земјен лонец. Со капак!
фото Фејсбук
– Другите марифети си ги знаете сите, тоа сум сигурен – додава Филе и заклучува – И најважното, се јаде топла, во друштво, со нешто лутко и чаша црвено вино. Ете ги тајните за совршениот хедонизам со нејзиното Пресвето и Возљубено Величество Сарма.
На здравје да ни е!

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....