Џена Херера од САД се нашла во чудна ситуација кога се одлучила за сурогат мајчинство откако долго се борела со неплодност. Во видеото на ТикТок, таа објасни дека е многу среќна откако во февруари ја добила веста дека сурогат мајката која ја ангажирале таа и нејзиниот сопруг е бремена.
И тогаш се случила една сосема неверојатна работа која ги шокирала сите.
Џена открила дека е бремена, и дека ќе роди бебе со само неколку недели разлика од сурогат мајката.
„Бидејќи мислев дека е одлична идеја да забременам во исто време со сурогат мајката, нашето семејство се најде во неволја“, вели Џена.
@themoneymom thats show bizz baby🫶🏻 #surrogate #pregnant #momsoftiktok #ttcjourney #greenscreenvideo
Таа откри дека терминот ѝ е во септември и дека второто бебе реба да стигне само 3 недели после тоа. Џена живее во Калифорнија, додека жената која е сурогат мајка е од Колумбија. Идната мајка не е сигурна како ќе стигне до Колумбија за раѓањето на нејзиното второ бебе, бидејќи нивните термини се многу блиску.
@themoneymom God did promise us TWINS #surrogate #pregnant #ttccommunity
„Прашање е дали ќе успееме да го добиеме бебето, да ѝ го земеме изводот од матична книга на родените, да ѝ извадиме пасош и со неа да стигнеме во Калифорнија, се тоа во само три недели“, вели Џена.
@themoneymom Replying to @Vanessa Young praying for a passport miracle for twin A so we can head to Bogota for twin B #pregnant #surrogate
„Дали да го оставам свето новороденче тука во САД? Дали да останам тука со своето новородено бебе, а мојот маж да оди во Колумбија, но тогаш ќе го пропуштам раѓањето на нашето второ бебе?Дали се ова ќе помине совршено, а јас себеси сега само се изложувам на непотребен стрес? Времето ќе покаже“.