17:37 - 5 декември, 2025

„Многу сум возбуден“: Холивудски актер ќе донира бубрег на тотален странец

Џеси Ајзенберг (42), ќе се подложи на операција за само шест недели во обид да го спаси животот на лице со напредна бубрежна болест, пишува „Пипл“.

Тој ја откри својата одлука во гостување во популарното шоу „Тудеј“, најавувајќи дека операцијата ќе се одржи кон средината на декември.

– Навистина го давам мојот бубрег за шест недели. Навистина – рекол актерот.

Актерот од филмот „Социјалната мрежа“ потоа беше прашан што го натерало да направи таков несебичен гест.

– Не знам зошто. Претпоставувам дека се ‘закачив’ на идејата да дарувам крв. Алтруистички донирам бубрег кон средината на декември. Многу сум возбуден што го правам тоа – додал тој.

Алтруистички, или индиректен донатор на бубрег е лице кое сака да донира бубрег на некој со сериозна бубрежна болест, без лично да го познава тоа лице. Многу алтруистички донатори всушност не познаваат никого на кого итно му е потребна трансплантација на бубрег.

Актерот, исто така, објасни зошто другите луѓе треба да размислуваат за донирање органи: „Практично е без ризик и е толку неопходно. Мислам дека луѓето ќе сфатат дека тоа е логичен избор, ако имаат време и волја.“

Актерот зборуваше и за придобивките од алтруистичкото донирање: „Да речеме дека на лицето Икс во Канзас Сити му е потребен бубрег, а неговото дете или некој друг што би бил донатор не е компатибилен од некоја причина, но јас сум. Тоа лице сè уште може да го добие мојот бубрег, и се надевам дека детето на тоа лице подоцна ќе донира бубрег. Но, сè оди во ‘банка за бубрези’, каде што донаторот може да најде соодветен примател, а тоа функционира само ако има алтруистички донатор.“

Актерот рече дека идејата за донирање бубрег ја добил пред речиси десет години. Потоа контактирал со една организација, но никогаш не добил одговор. Сега, сепак, решил да се подложи на постапката во декември.

– Следниот ден бев во болница и поминав низ серија тестови, а сега сум закажан за средината на декември – споделил тој.

Џеси зборуваше и за програмата за ваучери на Националната фондација за бубрези, која му овозможува на жив донатор да донира бубрег на странец сега и да добие ваучери за до пет членови на семејството што ќе ги користат во иднина, доколку им треба трансплантација.

„Сега функционира така што можете да направите список на луѓе што сакате да бидат први на ред. Истото важи и за моето семејство без ризик.“

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....