17:46 - 31 јануари, 2026

Ми ги допираше интимните делови: Уште една жена го обвини Жерар Депардје за сексуално злоставување

Уште една жена го обвини легендарниот француски актер Жерар Депардје за сексуално злоставување.

Многумина беа шокирани од веста дека познатиот француски актер Жерар Депардје е обвинет за сексуално вознемирување од тринаесет жени. Тие обвинувања уследија по обвинението против Депардје од страна на француската актерка Шарлот Арнол, која рече дека актерот ја силувал во неговата вила во Париз, додека тој тврдел дека нивниот однос бил спогодбен.

Сега се појави друга жена која тврди дека Депардје ја нападнал додека го снимал филмот во 2014 година, според полициската пријава и извештајот на весникот. Таа на 9 јануари го обвини за „сексуален напад врз ранлива личност од страна на лице кое ја злоупотребило моќта на својата позиција“ што се случило на снимањето на филмот пред 10 години, се вели во документот што го пренесоа странските медиуми.

Таа работела како асистент и го обвинува славниот актер дека „ја допирал по интимните делови со вулгарни забелешки“.

Според обвинението, нападот се случил за време на снимањето на филмот „Le Magicien et les Siamois“. Неговиот адвокат објави дека актерот ги негира сите наводи во обвинението, како што тоа го правеше и во тековната судска постапка против него за наводни сексуални престапи.

Актерот е под истрага за сексуално насилство од 2020 година. Тој тврди дека е жртва на „медиумски линч“, а Емануел Дебевер, француска актерка која беше една од првите што го обвини Жерар, се фрли од мост во Париз на крајот на 2023 година.

Слични објави

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо
Се вчитува....