00:28 - 13 април, 2026

Мети Хили доби забрана за настап во Малезија откако го бакна басистот

Музичкиот фестивал во Малезија е откажан откако Мети Хили, фронтменот на британскиот бенд „Д’ 1975“, јавно ги критикува анти-ЛГБТ законите во земјата.

За време на настапот на бендот на фестивалот „Гуд вајбс“, Хили ѝ се обрати на публиката со вулгарен говор пред да го бакне басистот Рос Мекдоналд.

Бендот потоа го заврши својот сет тврдејќи дека официјални лица им рекле да ја напуштат сцената.

Хомосексуалноста е нелегална во Малезија и се казнува со 20 години затвор, пишува Би-би-си.

Британскиот бенд во петокот настапи како главен гостин на фестивалот во главниот град Куала Лумпур.

Во саботата организаторите на фестивалот соопштија дека преостанатиот распоред за фестивалот бил откажан по контроверзијата.

Во соопштението се наведува дека „одлуката е донесена по директива за итно откажување од Министерството за комуникации и дигитална технологија на Малезија како дел од неговиот непоколеблив став против сите страни што ги оспоруваат, исмеваат или ги прекршуваат малезиските закони“.

На снимката споделена на интернет можеше да се види како Хили ѝ кажува на публиката дека одлуката на бендот да се појави во Малезија била грешка.

„Кога резервиравме настапи, не истражував многу“, рече Хили. „Не ја гледам поентата, не ја гледам смислата да се поканат The 1975 во некоја земја и потоа да ни кажуваат со кого можеме да имаме секс“, рече тој вметнувајќи пцости во говорот.

„За жал, нема да слушнете многу песни што ќе ве расположат затоа што сум проклето бесен“, продолжи фронтменот. „И тоа не е фер кон вас бидејќи не сте претставник на вашата влада. Затоа што вие сте млади луѓе и сигурен сум дека многу од вас се геј, прогресивни и кул“.

Хили и Мекдоналд потоа се бакнаа додека бендот ја свиреше песната I Like America & America Likes Me.

Набргу потоа – само 30 минути по сетот – Хили и бендот се симнаа од бината, а пејачот ѝ рече на публиката: „Во ред, само што добивме забрана за влез во Куала Лумпур, се гледаме подоцна“.

Извор близок до бендот го потврди инцидентот за Би-би-си.

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....