2.8 C
Скопје
16:32 - 20 декември, 2024

МЕРИ АМБРОСОВА, АЛИЈАС МОЈА ФИТНЕС МАМА, ВЕ СОВЕТУВА: На новите мајки им објаснувам дека стомакот не може веднаш да исчезне

Мери Амбросова, алијас Моја Фитнес мама, e нашинка во Украина. Таа води неколку фитнес програми. „Резултатите се индивидуални, но да кажеме, се губат од 2 до 7 килограми за 21 ден. Зависи колку личноста ја следи програмата, со колкава тежина почнува, дали се придржува до менито или си „оди по свое“, дали спие доволно, дали поминува низ стресен животен период“ – објаснува во разговорот за еспресо. мк.

Мери Амбросова по образование е дипломирана економистка, но во спортот е „цел живот“, прво како професионален пливач, потоа долги години вежбала пилатес, па станала судија по кошарка, и така физичката активност во нејзиниот живот секогаш била присутна. Со фитнес и нутриционизам како професија почнала да се занимава во 2019, а сите програми биле прво испробани на неа.

– Бидејќи јас имав резултат, почнав да го споделувам и со другите. Го намалив својот дијастаз кој беше 4,5 прста. Тогаш, во 2018 во Македонија никој не збореше за дијастаз и како да се однесуваме со него. Во Украина почнав да одам на обуки и курсеви на таа тема, поминав програми применувајќи ги на себе, ослабнав 12 килограми за 7 месеци, ни раскажува Мери.

Така настанала нејзината прва фитнес програма, веќе со стекнато знаење за пост породилно вежбање. Но напоредно Мери се усовршила и во програмите за основен фитнес. Потоа постепено ги проширувала знаењата во областа на фитнесот и секоја програма отворала нови искуства и нови победи.

– За мене најголем успех се сите жени на кои им помогнаа моите програми да се почуствуваат подобро во своето тело, што научија нови работи и што ги применуваат понатаму во животот – додава Мери и објаснува дека делот за исхраната го оставила на  нутриционистката Слаѓана Јарчевски.

– Таа е одговорна за целосното мени на сите програми. Јас од неа многу научив. Таа област ѝ ја оставив на неа и така ќе остане во иднина. Без неа програмите нема да беа толку успешни како што се.

Кои се најчестите проблеми на младите мајки, каква помош најчесто бараат?

– Најчесто сакаат одма да ослабнат, одма да го снема стомакот. Потоа им објаснувам дека за сè треба време и доколку се придржуваат до програмите ќе дојдат до најбрз резултат и најважно без штета на своето здравје.

фото – приватна архива

Што се вклучуваат програмите, каков е интересот, какви се резултатите и колку трае периодот за постигнување на поставената цел?

– Моментално има три програми „Мајки Херојки“ односно послепородилна програма, „Маратон Табата“ – кратки тренинзи во кои има и замени за вежбите кои не се безбедни со голем дијастаз. Во оваа програма сме три и секоја девојка може да се пронајде во една од нас трите. Секоја од нас ги прави вежбите со различен интензитет и темпо. И „Маратон со бебе“, програма која се вежба и со бебе и со тегови. Таа е најтешка од сите. Сите програми вклучуваат и тренинзи различни за секој ден, мени различно за секој ден, совети околу исхраната, совети од мене и медитации.

Резултатите се индивидуални, но да кажеме, се губат од 2 до 7 килограми за 21 ден. Зависи колку личноста ја следи програмата, со колкава тежина почнува, дали се придржува до менито или си „оди по свое“, дали спие доволно, дали поминува низ стресен животен период.

За мене најважно е жените да се задоволни со себе и со своето тело, а бројките не се важни.

Колкав временски период, до кој месец или година, според тебе, е потребно мајката да го дои бебето, а која е најдобрата замена за мајчино млеко?

 -Секоја мајка треба сама да си се праша колку треба да го дои своето дете. Прво, сите ние сме различни, сите живееме под различни околности и второ, сите наши деца се различни, но тие не одбрале нас како родители. Така ние сами треба да прочитаме што препорачуваат специјалистите, но одлуката треба да ја донесеме сами, не од его, туку од внатрешното наше битие да видиме што е најдобро за нашето дете. И никогаш да не се оправдуваме зошто сме ја донеле таа одлука. А, како замена за мајчино млеко нутриционистите го препорачуваат адаптираното млеко.

Актуелна е омикрон варијантата, бројот на заболени секојдневно се зголемува, каква исхрана препорачуваш за време на заболувањето и по него?

– Лесна, здрава исхрана треба да имаме ние цел живот, а не само додека трае ова лудило. Секогаш треба да бираме здрава, чиста храна, секогаш да се грижиме не само за физичкото здравје него и за менталното. Личност која духовно се развива помалку ја допира оваа цела ситуација, и полесно оздравува доколку заболе. И по оздравувањето да си продолжи со здрава храна, со духовен раст, со помалку вести, со повеќе читање на корисни книги, со повеќе гледање убави настани и случувања.

Каков е денес животот во Киев со „новото нормално“ кое го донесе пандемијата, колку луѓето се заинтересирани за вакцини, за бустер дози, па и за фитнес програми?

– Како и секаде има луѓе кои што се вакцинираат и не се вакцинираат. Но, сите ние треба да се почитуваме едни со други и да не дозволиме да не поделат. Тука моментално сè е отворено, има рестрикции, но не се почитуваат. Според законот забрани има, но во реалност не важат.

фото – приватна архива

Слични објави

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо

Анџелина Џоли не му дозволува на Бред Пит да се ожени младата Инес

Еспресо
Се вчитува....