6.8 C
Скопје
05:07 - 31 март, 2026

Мелина Џиновиќ си фатила две години постар бизнисмен: Она е заљубена до уши, а еве каде се сретнуваат

Веста за разводот на Мелина и Харис Џиновиќ не престанува да ја интригира јавноста, а приказната сега има нов епилог.

Имено, Харис пред неколку дена откри дека Мелина била иницијатор на разводот, а сега е познато дека има нов партнер.

Мелина наводно веќе половина година ужива во романса со две години постар бизнисмен.

– На сите им беше јасно дека бракот на Мелина и Харис одамна го изгуби сјајот и дека беше прашање на време кога ќе се разведат. Иако нивната врска почнала да се лади долго пред да ја напушти семејната вила, таа успеала да сокрие дека вистинската причина поради која ставила точка на тој брак е маж кој го запознала минатата година и започнала романса со него – истакнал извор за српските медиуми и додал:

– Нејзиниот нов емотивен партнер важи за еден од најпосакуваните мажи на јавната сцена. Секој слободен момент го користат да бидат заедно, а тој ја опсипува со скапи подароци и внимание, па таа се чувствува како заљубена тинејџерка. Со оглед на тоа дека неговата работа е примарна и дека сака сликата што постои за него да биде неизвалкана, се договориле да го кријат фактот дека се заедно колку што можат. Нивните блиски пријатели се воодушевени од врската, и често се шегуваат дека таа конечно има партнер кој ќе биде покрај неа – рекол изворот, тврдејќи дека се гледале во неговиот луксузен стан.

– Мелина одамна не одговара никому, па лесно ѝ е да оди на тајна локација и да ужива со новото момче секогаш кога тој е слободен. Тоа е еден од неговите имоти во најпрестижната населба на Белград. Бидејќи има неколку од нив, ѝ понудил да остане во станот во кој се среќаваат, но таа експресно одбила – заклучува изворот.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....