15.8 C
Скопје
17:05 - 10 март, 2026

Меган Маркл се враќа на суд: Овојпат ќе биде бескрупулозна против семејството

Меган Маркл се враќа во судница бидејќи војвотката од Сасекс продолжува да се бори против тужбата за клевета што ја покрена нејзината сестра против неа.

Тужбата за клевета од нејзината сестра датира од март 2022 година. Една година подоцна, војвотката од Сасекс е подготвена да се врати во судницата за да ја каже својата страна од приказната, конечно затворајќи го случајот на нејзината сестра еднаш засекогаш.

Двете страни побарале датум за рочиште за да се стави крај на случајот а и двете страни се надеваат на победа. Сепак, Меган Маркл верува дека случајот ќе биде отфрлен по трет пат.

Но за што станува збор? Имено, Саманта – полусестрата на Меган- тврди дека таа била клучна фигура во воспитувањето на Меган, но укажува и дека нејзиниот татко и мајка биле погрешно прикажани во серијата на Нетфликс.

„Бев со мајка ми во текот на неделата, а со татко ми за време на викендите, татко ми живееше сам и имаше две возрасни деца кои се иселија од неговата куќа“, изјави Меган за популарната документарна серија „Хари Меган“ на Нетфликс.

Саманта пак, тврди поинаку. Таа вели дека честопати, лично таа ја возела Меган до училиште или го придружувала нејзиниот татко кога тој ја носел Меган на училиште. По училиште Саманта и Томас Маркл ѝ помагале на Меган со домашните задачи.

„За време на нејзиното детство, Меган беше многу блиска со нејзината постара сестра, и покрај нивната 17-годишна разлика во возраста“ – вели изворот кој ја поддржува Саманта.

Извор близок до Меган пак тврди дека овојпат Меган ќе биде бескрупулозна со фактите.

Датумот на судење за овој случај допрва ќе се објави.

Слични објави

Сопругата на Дарко Лазиќ бесно возврати: Државата не ни го плати ниту одморот, ниту враќањето од Малдивите!

Еспресо

Јаков Јозиновиќ по скандалот со откажаниот концерт на Цецински: „Ние продолжуваме да шириме љубов“

Еспресо

(Фото) Еве како изгледа единствениот син на Тони Цетински: Живее далеку од Хрватска и има успешна кариера

Еспресо

„Ми се врати детето“: Луна Ѓогани конечно во прегратката на мајка ѝ и ќерките по драмата на Блискиот Исток

apostolova

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin
Се вчитува....