6.8 C
Скопје
18:26 - 19 февруари, 2026

„Ме фати на дело, ми удри две шлаканици“: Ѓани јавно призна дека ѝ бил неверен на Слаѓа

Пејачот Радиша Трајковиќ Ѓани откри дека ѝ бил неверен на својата сопруга Слаѓа, но дека успеале да ги пребродат сите проблеми. Како што истакна, откако ги надминале тешките кризи, сега живеат хармонично како никогаш досега, а Слаѓа секогаш му е поддршка.

– Супер сум, супер е и семејството, сите сме заедно и тоа е најважно. Морам да кажам дека најмногу ме слуша жена ми, а за тоа кој најмалку – не смеам да кажам – изјави Ѓани, па откри дали некогаш Слаѓа го фатила на дело:

– Младост, лудост, Слаѓа е сега тука, таа секогаш е со мене. Морам да признам дека ме фатила на дело и дека ми удри две шлаканици.

Фолкерот Радиша Трајковиќ Ѓани често има несолени шеги, кои ги споделува и на социјалните мрежи, а еднаш објави фотографија на која носи крагна околу вратот.

Ѓани откри дали некогаш имал поголем конфликт со Слаѓа:

– Не, ние сè решаваме заедно – рече Ѓани, па призна дека снимил песна за својата сопруга Слаѓа:

– Снимив песна со стиховите „и да имам два живота, и двата би ти ги посветил тебе“. Ту таа песна ја снимив пред седум месеци, но ми се случи повреда, па не ја објавив тогаш – изјави Ѓани, па повторно зборуваше за семејството и идниот зет:

– Најмногу ме слуша ќерка ми, синовите онака, снаите се добри, но најмногу би сакал идниот зет да внимава на мојата ќерка. На сите им е интересно што мојата ќерка не сака камери, па сега сите пишуваат за неа. Морам да кажам дека јас многу работев, а мојата Слаѓа беше со децата и се грижеше за нив – изјави Ѓани во емисијата „Премиера“. Ова не е првпат пејачот да зборува за неверството – неодамна Ѓани, гостувајќи во емисијата кај Огњен Амиџиќ, повторно зборуваше за Слаѓа и низ шега спомена неверство.

– Слаѓа и јас никогаш не сме имале кризи во бракот. Искрено, тоа е благодарение на неа. Ги надминавме сите препреки – рече Ѓани во „Амиџи шоу“.

На констатацијата на Огњен Амиџиќ дека се заедно 30 години и дека тоа сега е љубов на деветто ниво, Ѓани шокираше со одговорот:

– Доста беше. Доста беше неверства – рече Ѓани, а кога додаде „Се шегувам“, ги насмеа сите во студиото.

Слични објави

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо
Се вчитува....